Регион СВЕТ

Белградската Арена од денес е отворена за ковид-пациенти

Од денес, белградската Арена е привремена болница, која ќе може да прими 510 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.

Медицинскиот координатор на привремената болница, потполковник Предраг Богдановиќ соопштил дека има 360 кревети на партерот и 150 кревети на третиот кат, каде што се ВИП ложите.

Арената има и централна дистрибуција на кислород, така што може да се поврзат респиратори.

Во привремената болница има 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти. Пациентите ќе бидат згрижени од медицински персонал од 15 здравствени установи.

„Арената е планирана за пациенти со средна и умерена клиничка слика на кои им е потребна терапија со кислород“, изјавил Богдановиќ.

Собите во галеријата се претежно двокреветни, со бањи и имаат кујна и ТВ.

Партерот има 40 простории со девет кревети и заедничка бања.

Во Арената можат да се направат и лабораториски анализи, снимање на белите дробови и срцето.

Поврзани вести

Дипломати од САД симнати од воз во Русија, немале соодветна дозвола

Maja_Serafimova

Исповед на медицинска сестра на која заболен од коронавирус и починал на раце

Фаучи рече дека нема причина да го напушти тимот

Stefanija Kuzmanovska

Помпео ја предупреди Кина да не шири дезинформации за новиот коронавирус

СЗО: Строгите мерки во Европа се апсолутно неопходни ако сакаме да спасиме животи

Stefanija Kuzmanovska

Во Хрватска се потврдени уште четири случаи со коронавирус, вкупно 69