Вести СВЕТ

Белоруски специјалци пукаат кон граѓани, кои им помагаат на демонстрантите (видео)

Специјалните полициски сили во Белорусија пукале кон луѓе во Минск, кои седеле на своите балкони и им кажувале на демонстрантите каде да се сокријат.

„Покрај метро станицата „Грушевска“ од полициски автомобили излегоа голем број специјалци. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконите на околните згради, луѓето викаа каде да се кријат, а како одговор на тоа, вооружените сили почнале да пукаат кон нив“, навел новинарот на Спутник.

Неколку стотици граѓани протестираат и денес, поради прекумерната употреба на сила од полицијата.

Претседателските избори беа одржани во Белорусија на 9 август. Според Централната изборна комисија, на изборите победил сегашниот претседател, Александар Лукашенко, кој е на чело на земјата 26 години. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите.

Вечерта во истиот ден, граѓаните незадоволни од организацијата и резултатите од гласањето излегоа на улиците, а масовните протести продолжуваат секој ден. Безбедносните сили користеле водени топови, солзавец, шок-бомби и гумени куршуми за да ги разбијат демонстрантите, при што едно лице загинало, а многумина се хоспитализирани поради повреди.

Поврзани вести

Развиени 4 потенцијални вакцини против Ковид-19

Влатко Зорба

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 25 илјади

Влатко Зорба

Асад: Средба со Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија

Русија: Вакцината против „КОВИД 19“ ќе биде ефикасна и против мутациите на вирусот

Stefanija Kuzmanovska

Д-р Кон: Србија во петок ќе започне да ги следи своите граѓани што се враќаат од Црна Гора, Хрватска, БиХ и Албанија поради короната

Александар Петровски

Анес: Ево Моралес не може да се кандидира на било кои следни избори, но неговата партија може