СВЕТ

Берлускони: Се плашев дека нема да ја преживеам короната

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони рече дека се плашел дека ќе умре од Ковид 19 и додаде дека сè уште се чувствува многу уморно и истоштено, но дека е среќен што преживеал.

„Сè ме болеше, не можев да бидам во иста положба повеќе од една минута. Се плашев дека нема да преживеам“, изјави 83-годишниот Берлускони, кој помина повеќе од една недела во болница во Милано, каде му беше дијагностицирана пневмонија поврзана со короната.

Во понеделникот беше пуштен од болницата и испратен на домашно лекување.

„Во првите денови се плашев за својот живот. Мојот совет до сите пациенти е: Не се откажувај, никогаш не губете надеж дека ќе се опоравите. Ковид може да се победи“, порача Берлускони во интервју за весникот „Кориере дела Сера “.

Поранешниот премиер рече дека по короната се чувствува исцрпено и уморно. „Таков е ковидот. Но успеав да го надминам тој тежок предизвик и многу сум среќен“.

Тој исто така рече дека некои членови на неговото семејство, вклучително и внуци, исто така заболеле од корона но дека имале лесни симптоми и дека сите закрепнуваат.

Поврзани вести

И Ѓукановиќ на состанокот на „Мал Шенген” во Тирана

Германците го демантираат Трамп: „Сончањето не помага во борбата против коронавирусот“

Во земјотресот во Турција загинале 41 лице

Руски виролог и академик: „Здравите носители“ на коронавирусот се всушност потребната вакцина

Почна преместувањето на група мигранти и бегалци од прифатниот центар Вучјак кај Бихаќ

Маас: Германија работи на тоа да се заврши секое „странско мешање“ во воено разурнатата Либија

Maja_Serafimova