Вести СВЕТ

„Бесно куче“- Поранешниот министер за одбрана на САД го обвини Трамп, американскиот претседател му врати со иста мера

Џим Метис, поранешниот министер за одбрана на САД, кој поднесе оставка затоа што се спротивстави на одлуката на американскиот претседател да ги повлече силите од Сирија, го обвини Доналд Трамп дека се обидел да ја „подели“ Америка.

„Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не се обидува да ги обедини Американците, тој дури и не се преправа дека се обидува. Наместо тоа, тој се обидува да нè раздели“, изјавил Матис во интервју за американскиот магазин Атлантик.

Матис, кој е високо ценет и кој досега избегнуваше да коментира директно за одлуките и активностите на Доналд Трамп, рече дека ги поддржува демонстрантите кои „со право бараат да имаат еднакви права“.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил почестен што во 2018 година го отпушти поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис и дека тоа веројатно била единствената заедничка работа што ја имал со поранешниот претседател Барак Обама.

Тој тоа го напиша на Твитер по повод изјавата на Матис дека Трамп сака да ги подели САД и осудата по повод најавата за употреба на армијата како одговор на граѓанските немири.

Трамп рече дека му дал нов живот на Матис, и дека наместо да ги прави вистинските работи и „да води победнички битки“, тој „дома ретко носел сланина“.

“Веројатно единствената работа што Барак Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Џејмс Матис, најпреценетиот генерал во светот. Ја побарав негова оставка и се чувствував одлично заради тоа. Неговиот прекар беше „хаос “, што не ми се допадна и го сменив во „бесното куче“.Ми беше мило што си замина“, напиша Трамп на Твитер.

Поврзани вести

Повеќе од 12.000 лица аплицирале за астронаути во новата програма на НАСА

Нова жртва од коронавирус: Почина омилениот српски доктор на спортистите, пејачите и актерите

Болсонаро се чувствува добро, порача дека ќе се врати на работа доколку неговиот денешен тест за коронавирус биде негативен

Макрон: Договорот за планот за закрепнување е најважниот момент од воведувањето на еврото

Stefanija Kuzmanovska

Фон дер Лајен: Барем четвртина од буџетот на ЕУ да биде за Зелениот договор

Белорусија: Полицијата доби дозвола да користи „смртоносно оружје“ врз демонстрантите

Влатко Зорба