Вести СВЕТ

Безредија во САД: Пожари во близина на Белата куќа, уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк, повредени лица, отпуштени полицајци (видео)

Ширум САД имало немири и за време на петтата ноќ од протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Пожари околу Белата куќа, колапсот на системот во Филаделфија, уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк, се само дел од актуелната ситуација во вкупно 140 градови во САД.

Властите во Вашингтон вовеле полициски час, затоа што бројни полициски сили не успеале да ги задржат демонстрантите, собрани околу Белата куќа, дури и по неколку часа.

Неколку пожари биле подментнати во непосредна близина на местото каде престојуваат претседателите на САД, а бидејќи солзавецот и палките не успеале да ги обесхрабрат демонстрантите, бил воведен полициски час, пренесуваат медиумите.

Овој потег на властите, сепак, не ги обесхрабрил демонстрантите кои продолжиле да подметнуваат пожари недалеку од Белата куќа.

Протестите, како што пишува „Њујорк Тајмс“, се одржуваат во 140 градови во САД. Полицијата уапсила повеќе од 4.000 лица досега.

Подеднакво драматично било и во Филаделфија, каде демонстрантите во неколку наврати се судриле со полицијата, а потоа ограбувајќи неколку големи продавници.

Настаните во овој град ги довеле до израз длабоките поделби што владеат во врвот на владата, така што локалните власти го поминале поголемиот дел од ноќта, како што пишува „Филаделфија инквајерер“, обвинувајќи се едни со други за тоа кој е виновен за фактот што демонстрациите ги дочекале неподготвени.

За време на немирите, најмалку 13 лица биле повредени со истрел од огнено оружје, меѓу кои и 12-годишно момче кое било погодено во раката со два куршуми.

До доцна вечерта по локално време, полицијата уапсила скоро 300 лица, од кои 66 за грабеж и четири за напад врз службено лице.

Во Бостон демонстрантите запалиленеколку полициски автомобили.

Во Њујорк полицијата ја уапсила Кјара де Бласио, ќерка на градоначалникот на најголемиот град во САД. Таа и сто други лица одбиле да се тргнат од улиците, кога полицијата им наредила да го сторат тоа, пренесува „Њујорк пост“.

Исто така во Њујорк, полицајци нападнале новинар од „Волстрит журнал“ и го удирале во главата со штит во неколку наврати.

Во Бирмингем, Алабама, демонстрантите го собориле споменикот посветен на Конфедерацијата.

Локалните власти отпуштиле двајца полицајци во Атланта, изјавувајќи дека тие биле претерано насилни кон луѓето кои насилно ги извлекле од автомобилот.

Немири се забележани и во Детроит, Сан Диего, Портланд.

Поврзани вести

Директорот на Српски железници доби 30-дневен притвор

Никола Поповски

Вашингтон ги означи четирите најголеми кинески медиуми во САД како „странски мисии“

Влатко Зорба

Ова се 10 најдобри тетоважи на Путин (ФОТО)

Иран планира да го тужи американскиот претседател Доналд Трамп

Германскиот министер за здравство очекува пронаоѓањето на вакцина за ковид-19 да трае неколку години

Земја со 97 милиони жители нема жртва од коронавирус, а ја посетуваат Кинези