Регион СВЕТ

БиХ: Речиси 1000 новозаразени и 20 смртни случаи

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 999 новозаразени и 20 починати лица, од кои 606 се позитивни и 17 смртни случаи во Федерацијата БиХ, a 387 позитивни во Република Српска, додека три лица починале.

Бројот на новозаразени е за 71 лице поголем од вчера, кога имало 922.

Во ФБиХ биле тестирани 2.075 примероци, објавил Федералниот институт за јавно здравје. Досега се тестирани вкупно 188.470 примероци, а коронавирусот е потврден кај 24.227 лица.

Во Федерацијата БиХ од денес се излечени 18.062 пациенти, а во изминатите 24 часа се опоравиле 127 пациенти.

Во моментов има 5.483 активни случаи. Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 682, 456 мажи и 226 жени.

Поврзани вести

Ким Џонг Ун ги суспендира планови за воена акција против Јужна Кореја

Се ќе се промени: Каков ќе биде светот после коронавирусот и како ќе живееме?

Словенец освоил речиси два милиони евра на лотарија

Трамп бара прекин во пребројувањето на гласовите и во Пенсилванија

Никола Поповски

Турција најавува војна доколку Грција започне со проширување на територијалните води во Егејското Море

Никола Поповски

Вирусот ќе го победиме, а останува еден друг проблем