Вести СВЕТ

Бил Гејтс: Ќе морате да примите вакцина двапати, старите лица можеби и трипати (ВИДЕО)

Новинарката и водителка на ЦБС го праша Бил Гејтс колку дози вакцина ќе ни требаат. Неговиот одговор изненади:

„Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да заштити во единечна доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да примат повеќе од две дози “.

Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше лекови за ковид-19 и потенцијална вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној што плаќа повеќе“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

Ако едноставно дозволиме лекови и вакцини да одат на оние кои плаќаат најмногу, наместо на луѓе и места каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и смртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката објавена за време на виртуелна конференција за коронавирус и борбата против СИДА.

Поврзани вести

Шкотските националисти: Договорот за Брегзит меѓу ЕУ и Борис Џонсон е „посебно деструктивен“

Maja_Serafimova

Израелски обвинител официјално поднесе обвинение за корупција против Нетанјаху

Експерт на Атланскиот совет: На Балканот, Бајден би постапувал во согласност со Берлин

Влатко Зорба

Еспер: Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност

Maja_Serafimova

Рекорден број новозаразени во еден ден во САД

Во Кина само 11 новозаразени со коронавирус