Вести СВЕТ

Бил стоматолошки протетичар: Oвој човек облечен како полицаец усмрти 16 лица во Канада

Уште од средно училиште, Габриел Вортман, стоматолошкиот протетичар на повеќе клиники во Канада, бил опседнат со полицијата и купувал опрема за спроведување на законот.

Вортман е убиен во престрелка со полицијата, откако усмртил најмалку 16 лица на повеќе локации во провинцијата Нова Шкотска. Тоа е најголемото масовно пукање во историјата на Канада.

При потрагата по Вортман, полицијата објавила дека тој бил облечен во полициска униформа и употребил полициски автомобил, што им покажало дека тој го планирал ова злосторство долго време.

„Фактот дека оваа личност имаше на располагање униформа и полицискиот автомобил, секако, вели дека не станува збор за случајност“, изјавил полициски службеник.

Медиумите исто така објавиле дека напаѓачот прво ја убил својата поранешна сопруга и нејзиниот сегашен партнер, а потоа продолжил серија убиства што траеле цели 12 часа.

Тој, облечен како полицаец, запирал автомобили и убивал патници. Влегувал и во домови, па полицијата стравува дека има повеќе жртви. Според очевидци, Вортман бил крајно суров, дури и убил брачна двојка пред очите на нивните деца.

Вортман поседувал Клиника за протетика и се појавил во медиумите во 2014 година кога донирал протеза на човек кој ја загуби за време на третманот со карцином.

Неговите соседи во изјава за „The Globe and Mail“ рекле дека Вортман се борел со алкохолизмот и дека неговата работа била во прекин поради пандемијата со КОВИД-19.

За него, исто така, се вели дека бил сопственик на два големи имоти на патот Портапикју Бич, каде го започнал својот крвав марш.

Поврзани вести

Италијанка го победи коронавирусот на 95 години

Влатко Зорба

Повеќето Германци се подготвени да го намалат бројот на светлосни божиќни украси за да ја заштитат планетата

Франција со 110 милијарди ќе ја спасува економијата

Влатко Зорба

Русите купуваат ѓумбир, се надеваат ќе ги спаси од коронавирусот (ВИДЕО)

Во кинескиот град Шенжен е забрането конзумирање на кучиња и мачки

Откриено зошто Лукашенко не се тестирал за коронавирусот