Вести СВЕТ

Богатите се договорија да им помогнат на сиромашните

Најбогатите земји во светот се согласиле денес да ги замрзнат должничките обврски на сиромашните нации, набргу откако околу 20 европски и африкански лидери упатија заедничка апел за да помогнат во одговорот на коронавирусот, посочувајќи дека само глобална победа што целосно ја вклучува Африка може да го донесе крајот на пандемијата.

Министрите за финансии на Г-20, вклучително и САД, Кина, Индија и други, рекле дека обврските на сиромашните држави, веднаш ќе ги стават на одложување, објави АП.

Оваа мерка има за цел да им помогне на најсиромашните земји да ги насочат своите трошоци во здравството и да им помогнат на ранливите луѓе да се изборат со епидемијата.

Заедничкиот апел, потпишан од лидерите на Франција, Етиопија, Германија, Јужна Африка и други земји, објавен во „Фајненшал тајмс“, повикува на драматични мерки кои вклучуваат непосреден мораториум за сите плаќања на јавниот и приватниот долг, сè додека не заврши пандемијата.

Додека Г-20 не прецизираше колку земји ќе имаат корист, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека 76 држави имаат право на мораториум, вклучително и околу 40 во субсахарска Африка.

Плаќањата на долгови во вредност од 20 милијарди американски долари што треба да се суспендираат, вклучуваат 8 милијарди долари кај приватни кредитори и 12 милијарди долари од други земји, соопшти Ле Мер.

Исто така, се размислува за замрзнување на долг од 12 милијарди американски долари кај мултилатерални институции, како што е Светската банка.

Замрзнувањето на долговите ќе трае до крајот на оваа година и може да се продолжи.

Поврзани вести

Смртоносниот вирус: Дали е можно во карантин да се стави град со 11 милиони жители?

Никола Поповски

812 починати од Ковид-19 во Италија, голем пад на новозаразени

Утре Врховниот суд на САД ќе ја разгледува можноста за откривање на даночните пријави на Трамп

Повеќе од 90.000 луѓе почина во САД, 1,5 милиони се разболеле од коронавирусот

Официјално е одобрено одложувањето на Брегзит

user4

Вирусот се шири: Најмалку 80 лица починати и 2744 заразени

Никола Поповски