Вести СВЕТ

Болницата за коронавирус изградена во рекордно брзо време (видео)

Болницата во округот Хуангжу има 1.000 кревети и од синоќа од 10.30 часот по локално време, почна да прима пациенти.

Повеќе од 500 работници ја завршија болницата „Dabie Mountain Regional Medical Centre“ во близина на кинескиот град Вухан, а за само 48 часа го довршија целиот ентериер на медицинската установа.

Објектот првично беше предвидено да биде завршен во мај, но електричарите, градежниците и полициските службеници работеа постојано за да го завршат објектот заради појавата на смртоносниот коронавирус, од кој досега се починати 132 лица. Властите во петокот објавија дека ќе ја забрзаат изградбата.

Оваа болница веќе има вода, електрична енергија, интернет и е целосно подготвена за пациентите. Светските медиуми пишуваат дека кинеските власти најавиле амбициозен проект, а тоа е да се изградат четири болници за многу кратко време.

Како што беше соопштено, градежниците користеа монтажни згради моделирани по медицинскиот центар со седиште во Пекинг, изграден за седум дена во 2003 година, за борбата против тогашната појава на САРС.

Поврзани вести

ЕК утре ќе даде препораки за излез од мерките на изолација

Илир Мета: Се прави се што е можно да се извлечат луѓето од под урнатините

Вархеи: ЕУ и Западен Балкан заедно посилни да излезат од кризата

Снежна бура ги затвори училиштата во САД (ВИДЕО)

Опрема што спасува животи: Од маски за нуркање направиле медицински вентилатори

Трамп е етички недораснат и интелектуално неподготвен да биде претседател на САД, вели Пелоси

Влатко Зорба