СВЕТ

Борбен авион се сруши во Русија

Воениот авион Су-30 се урна во регионот Твер во Русија, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.

„На 22 септември, авионот Су-30 на Западниот воен округ се урна во регионот Твер за време на планирана обука“, се вели во соопштението.

Екипажот на авионот успешно се катапултирал и контактирал со базата по слетувањето, објави прес-службата, додавајќи дека екипажот потоа бил евакуиран на базниот аеродром.

„Авионот се срушил во шума. Со цел да се утврдат причините и околностите на инцидентот, на местото на несреќата е испратена комисија на Западниот воен округ“, додаваат од прес-службата.

Поврзани вести

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Бразил надмина 35.000

Корбин вети радикални промени и нов договор за Брегзит

Подгорица: Уапсени двајца уредници на црногорски портали

Никола Поповски

Жена од САД починала од коронавирус за време на патувањето со авион

Никола Поповски

Багдад: Три лица повредени при напад на американската амбасада

Никола Поповски

Италијанската полиција уапси 91 осомничен припадник на сицилијанската мафија