Регион СВЕТ

Борисов се лечи во домашни услови: Ме третираат како секој бугарски граѓанин

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој во домашни услови се лечи од коронавирус, изјавил денеска дека болеста нема да го спречи да ја заврши својата работа, иако се чувствува слабо.

Борисов во објава на Фејсбук напишал дека нема никакви промени во неговата здравствена состојба, објави Ројтерс.

„Благодарност до сите што покажуваат внимание и поддршка. Нема промена во моето здравје: сè уште имам симптоми на малаксаност. Ме третираат како секој бугарски граѓанин на кој му е препишан домашен третман од неговиот матичен лекар. Мојата општа состојба не ме спречува да продолжам да ги извршувам службените должности. Уверен сум дека нашето општество, предводено од наши лекари, кои се едни од најдобрите во светот, ќе помине низ ова искушение. Следете ги мерките и внимавајте“, повикал Борисов.

Бугарија денес забележа 2.243 нови случаи на коронавирус, најголем број од почетокот на епидемијата.

Од март 40.143 Бугари биле позитивни на вирусот корона, а 1.146 починале.

Претставници на Министерството за здравство рекоа дека носењето маски е задолжително, и во затворени простории и на отворено, а социјалното дистанцирање е задолжително.

Поврзани вести

Нафтената војна ги комплицира политичките планови на Путин

Stefanija Kuzmanovska

Хилари Клинтон не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД

Тестот на човекот кој почина во автобус во Кина позитивен на „хантавирус“

Stefanija Kuzmanovska

Демонстрантите во САД бараат реформи во полицијата

По Дуа Липа, нова провокација: Албанска манекенка малтретирала возач од Србија

Stefanija Kuzmanovska

Симеон Саксобурготски: Добрите односи меѓу Бугарија и Грција придонесуваат за хармонијата во регионот

Maja_Serafimova