Регион СВЕТ

Босанец уапсен во Виена: Со години ги дрогирал и силувал ќерките и синот

Државјанин на Босна и Херцеговина (40) е обвинет за сексуално малтретирање на три малолетни деца, меѓу кои две ќерки и син уште од 2003 година, јавуваат австриските медиуми.

Полицијата и окружниот обвинител го опишаа случајот како „ужасен“, а осомничениот бил уапсен во Виена.

Властите на прес-конференцијата откриле дека тој не само што ги злоставувал своите 19-и 21-годишни ќерки неколку пати неделно од детството, туку дека неговиот деветгодишен син исто така бил жртва на сексуална злоупотреба. Полицијата и обвинителите се сомневаат дека тој ги дрогирал децата со психотропни супстанции или алкохол за да не му се спротивстават, а потоа наводно ги злоупотребувал.

Според австриските медиуми, името на граѓанин на БиХ го привлече вниманието на полицијата во декември минатата година. Имено, Одделот за сексуални престапи и порнографија на деца објави дека на секс порталот се појавила реклама во која седумгодишно дете се нуди за сексуални услуги во Долна Австрија.
Осомничениот маж е уапсен во Виена, а за време на акцијата полицијата пронајде пиштол без документи кај него. Тој, исто така, се спротивставил на апсењето. Државјанинот на БиХ бил префрлен во затворот Виена-Јозефштат. Според информациите од порталот ОЕ24, тој е обвинет за силување, сексуално вознемирување на малолетни лица, детска порнографија, закани и поседување нелегално оружје.

Поврзани вести

Гувернерот на Њујорк: Ова е хаос и го засилува чувството дека ситуацијата излегува од контрола

Коронавирус: Колку е тешко да се пресмета стапката на смртност и колкав е ризикот по луѓето?

Никола Поповски

Д-р Несторовиќ: Луѓето не треба да паничат и непотребно да се тестираат затоа што создаваат ризик да се заразат

Авион се лизна од пистата во Алјаска

Maja_Serafimova

Пронајдена слаба точка на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Модерни „лежечки полицајци“: Започна поставувањето на нови стабилизатори во сообраќајот (видео)