Вести СВЕТ

Братот на Пабло Ескобар му се закани на Илон Маск: Ми ја украде идејата, ќе те уништам!

Роберто Ескобар, брат на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар тврди дека авторските права за фрлачот на пламен, која компанијата во сопственост на Илон Маск почна да ги продава во јануари 2018 година, му припаѓаат нему и на неговиот брат.

Светските медиуми пренесоа дека Роберто ветил дека ќе го сруши познатиот американски претприемач, инвеститор и инженер, затоа што наводно му го украл концептот за фрлач на пламен, кој тој и неговиот брат го дизајнирале.

Во интервју за британски Телеграф, Роберто (72) тврди дека Маск го ископирал дизајнот откако го посетил комплексот на Ескобар во 2017 година.
Идејата за овој фрлач на пламен почнала од приказната дека двајцата браќа се грееле така што палеле огромни количини на пари.

Компанијата на Илон Маск почнала да го продава фрлачот на пламен во 2018 година, а според веб страната до денес се купени повеќе од 20.000 уреди. Фрлачот на пламен на Маск чини 500 долари, додека цената на моделот на Роберто Ескобар изнесува 249 долари.

Ескобар рече дека планира да поднесе тужба во износ од 100 милиони долари против Маск и дека нема намера да запре на тоа.

Роберто Ескобар вели дека технолошкиот визионер е полош од неговиот брат, чиј картел Меделин шверцуваше дрога во САД за време на осумдесетите и деведесетите години и изврши илјадници атентати во Колумбија.

„Илон Маск е личност која ги предава луѓето. Пабло никој не предал. Другите го предадоа него. Тоа беше нивната грешка која ги чинеше живот. Таква е природата“, изјави Роберто Ескобар во интервју за британски Телеграф.

Поврзани вести

Ердоган тврди дека одбил милијарда евра помош од ЕУ за прифаќање мигранти

Кај жена која работела како туристички водич во Јапонија втор пат е утврден коронавирус

Цените на нафтата скокнаа, индексите на берзата паѓаат поради вестите дека САД го убиле иранскиот генерал

Maja_Serafimova

Ирански воен авион се урна во планината Сабалах, се трага по преживеани

Maja_Serafimova

Дендиас по денешната посета на Скопје, вонредно ќе замине за Тирана

Општа паника поради коронавирусот: Хрватите забрзано ги празнат продавниците

Никола Поповски