СВЕТ

Братот на претседателот Хондурас, прогласен за виновен поради трговија со кокаин

Судот во Њујорк го прогласи за виновен за трговија со кокаин Тони Ернандес (41), братот на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес.

По две недели судење, тој е прогласен за виновен во однос на четири обвиненија, меѓу кои и трговија со дрога, лажно сведочење и поседување огнено оружје. Тони Ернандес може да биде осуден и на доживотен затвор.

Судот изнесе докази според кои постои поврзаност меѓу трговијата со дрога и финансирањето на претседателот Хондурас и неговата партија, кои Хуан Ернандес ги отфрли како неточни.

Претседателот на Хондурас ја осуди пресудата, додека опозицијата во земјата повика на протест, барајќи негова оставка.

Инаку, обвинителот на почетокот на судењето рече дека претседателот на Хондурас, исто така, примал милиони долари мито од мексиканскиот крал на дрогата Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо.

Поврзани вести

Борисов во карантин, раководителката на неговиот кабинет заразена со коронавирус

Над една милијарда долари казни за Ериксон поради корупција

Александар Тодески

Брнабиќ: Се надевам дека Лукашенко нема да ни се налути

Никола Поповски

На комеморацијата на Флојд градоначалникот клекна и се расплака

Stefanija Kuzmanovska

Роберт Редфорд: Време е Трамп да си замине, заедно со оние во Конгресот кои ја избраа партиската лојалност пред заклетвата

Вучиќ се закашла: Многумина би сакале да имам коронавирус (ВИДЕО)

Александар Петровски