Вести СВЕТ

Бремена медицинска сестра во 9-ти месец ги лечи заболените од вирус (ВИДЕО)

Во борбата против смртоносниот коронавирус во Кина медицинските лице деноноќно работат, многу од нив немаат време ни за одмор, а снимката на трудна медицинска сестра од болницата во Вухан предизвика негодување ширум земјата.

Иако државната телевизија CCTV ја прикажала Зао Ју , која е бремена во деветиот месец како хероина, тоа не им се допаднало на граѓаните кои сметаат дека на бремените жени не им е место со заболени од опасен вирус.

Еден корисник истакнал дека трудницата ја искористиле како „пропагандно средство“.

На снимката се слуша како пациентот и вели да не работи затоа што е опасно.

Зао Ју во видеото признава дека нејзиното семејство се противи таа и натаму да работи, но додава дека се надева дека ќе даде свој придонес во борбата против вирусот.

Поврзани вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Полицијата со солзавец ги протера демонстрантите од седиштето на партијата на Макрон

Скандал во Турција: Наместо повик за молитва од минаре одекнува „Бела чао“ (видео)

Градоначалникот на Вухан индиректно призна дека кинеските власти реагирале лошо и бавно на појавата на вирусот (фото)

Никола Поповски

Дете загина во невремето во Словачка

Британците кои покажуваат „дури и најмали“ знаци на инфекции ќе им биде кажано да се самоизолираат