Вести СВЕТ

Британец се излекувал од коронавирусот со помош на алкохол и мед

Дваесет и петгодишен британски државјанин, Конор Рид, наставник по англиски јазик од Ландидн, Велс, се заразил со смртоносниот коронавирус во Вухан пред околу два месеци, но тврди дека се излечил од варено виски со мед.

Рид, кој последните три години живее во Кина и во Вухан последните шест месеци, бил болницата на Универзитетот во Централна Кина поради недостаток на здив и кашлање.

– Користев инхалатор за да ја олеснам кашлицата и почнав да пијам варено виски со мед онолку долго колку што имав. Тоа е стар лек, но се чини дека ја заврши работата. Не сакав да пијам антибиотици пропишани од моите лекари, затоа што не сакав да користам лекови – објасни тој за „Сан“.

Две недели откако беше отпуштен од болницата, дознал дека е заразен со вирусот. Тој додаде дека британското Министерство за надворешни работи се чинело „незаинтересирано“ кога им кажал за заразата.

– Тие упорно прашаа дали сакам место во авионот, за да ја напуштам земјата, а јас одговорив дека сакам да останам овде. Јас сум жив доказ дека вирусот корона може да се победи – додаде тој.

Неговиот шеф му рекол да се врати на работа за две недели, но не е се уште сигурен.

Тој вели дека Вухан е опустошен, дека снемува храна во супермаркетите, а аптеките имаат недостиг од маски и лекови.

Кина во понеделникот објави нови податоци за бројот на жртви на вирусот, кој се искачи на 361, а во последните 24 часа се пријавени уште 2.829 нови случаи на инфекција, што значи дека има вкупно 17,205 заразени лица.

Поврзани вести

Можно одлагање на изборите во Србија поради епидемијата со Ковид-19

Хаос во Боливија: Нереди во затворите заради ковид-19

Путин: Уделот на модерното вооружување и опрема во војската и морнарицата достигна над 68 проценти

Макрон: Приемот на Бугарија и Романија во ЕУ беше премногу избрзан

Никола Поповски

Франција ја надмина Германија и стана прва европска земја за барателите на азил

Мирно седеа на маса, не насетувајќи што ќе се случи: Во наредниот момент летнаа во воздух (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Maja_Serafimova