ЕУ СВЕТ

Британската влада платила 20 милиони долари за неисправни тестови на антитела на коронавирус

Британската влада платила 20 милиони долари за неисправни тестови на антитела на коронавирус од две кинески компании, пренесува Њујорк Тајмс.

Премиерот Борис Џонсон тврдеше дека тие биле едноставни како „тест за бременост“ во изјавата 19. на март и додаде: „Работите можат да бидат драстични“.

Универзитетот во Окфорд овој месец утврди дека тестовите се неточни, објави „Тајмс“.

Половина милион тестови се во складиште, додека останатите 1,5 милиони исто така исчезнале. Британската влада сега се труди преговара за начинот за враќање на барем дел од потрошените пари.

Тестовите на антитела, кои откриваат дали некој некогаш бил заразен со коронавирус, штотуку почнуваат да се воведуваат во САД, иако повеќето од достапните тестови не се одобрени од Управата за храна и лекови (ФДА) од оваа недела.
Официјални лица за јавно здравство како што е комесарот на ФДА Стивен Хан, рекоа дека тестирањето на антитела е „еден од клучевите“ за безбедно повторно отворање на државните и градските економии.

„Понатамошното засилено тестирање и дијагностицирање, како и тестирање на антитела, навистина ќе биде неопходно, бидејќи неопходно е да преминеме понатаму од мај во летните месеци, а потоа и на есен“, рече Хан во неделата.

Притиснат зошто САД сè уште е „далеку зад“ другите земји во испитувањето на Ковид-19, комесарот на ФДА Хан вели дека „во некои области е многу лесно да се добие тест“, а во други не е.

„Имаме уште да направиме, нема сомнение за тоа“, додава тој.

Поврзани вести

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата

Никола Поповски

Трамп одлучи: ТикТок доби забрана во САД

Александар Петровски

САД воведуваат нови санкции, нови имиња на „црната листа“

Stefanija Kuzmanovska

Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември

„Блиц“: Советот на Европа контра Ѓукановиќ – Црногорскиот премиер ја лаже јавноста

Никола Поповски

Египет го потврди првиот случај на заразен со новиот коронавирус