Вести СВЕТ

Британскиот амбасадор во Анкара: Не се точни тврдењата дека турската заштитна опрема е неупотреблива

Амбасадорот на Велика Британија во Анкара, Доминик Чилкот ги негираше тврдењата дека неговата земја ќе ги врати 400 илјади парчиња медицинска опрема, увезена од Турција, во борбата против Ковид-19.

„Веста објавена во медиумите на Велика Британија дека 400 илјади парчиња заштитна опрема, испратени од Турција, се неупотребливи, не е вистина“, напиша амбасадорот на социјалната мрежа Твитер.

Според него, заштитните костуми што ги набавил приватниот снабдувач не поминале еден дел од тестовите, но тие останале во канцеларијата и може да се користат во здравствените установи во Велика Британија.

Британскиот амбасадор изјавил дека Владата на Велика Британија е благодарна на турската Влада за поддршката во набавката на заштитна опрема што им е потребна.

Според него, повеќето производи чекаат да бидат тестирани во магацините во Велика Британија и Турција.

„Ова не се однесува на заштитната опрема што ја донира турската влада на Велика Британија, ниту се однесува на 68.000 скафандери што ги обезбедиле, но кои се очекуваат со задоцнување од набавувачите“, објасни Чилкот.

Портпаролот на британската влада ја негираше веста објавена во британските медиуми дека „заштитната опрема испратена до Велика Британија од Турција не ги исполнува стандардите“.

Се наведува дека е испорачан дел од заштитната опрема, од вкупно 400 илјади, што е нарачано од една приватна компанија.

Било објавено дека мал дел од опремата не ги помина тестовите во Велика Британија, но дека повеќето се лиценцирани за употреба.

Турскиот заменик министер за надворешни работи, Јавуз Селим Киран ги негираше овие обвинувања и рече дека не добил никакви информации од британските власти за овие обвинувања во британските медиуми.

Поврзани вести

Вучиќ: Курти има проблем како да се справи со мене

Корона-криза: Тепачка за вреќа брашно во Зеница (видео)

Кинескиот град премина во воена состојба поради коронавирусот: Се воведуваат построги мерки

Граѓаните на Пекинг не смеат да ги напуштаат домовите: Нови рестрикции поради пазарот Синфади

Истражување во Исланд со важни откритија за антителата на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Курц: Среќни сме што имаме само по 100 нови случаи дневно, реагиравме брзо и одлучно