ЕУ СВЕТ

Британскиот премиер се преполови, ја прележа короната и тврди дека сега му е многу подобро

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека бил дебел кога се заразил со коронавирус на почетокот на оваа година и дека сега, без значителен број килограми, тврди тој, се чувствува многу подобро.

56-годишниот премиер помина три ноќи на интензивна нега во април, откако доби ковид-19, а оттогаш јавноста во Велика Британија е особено заинтересирана за неговото здравје.

– Можеби ве нервира тоа што ќе го кажам, но јас сум поспремен отколку што сум бил порано, јас сум целосно во форма, а тоа пред се се должи на фактот дека ослабев – им порача Џонсон на новинарите кои го прашаа за неговото здравје, откако им се обрати на настан организиран по предметот образование.

– Кога ќе достигнете тежина од 111 килограм, како што беше случај со мене, а со висината што ја имам – 178 сантиметри, веројатно е добра идеја да изгубите тежина. Успеав. И се чувствувам многу подобро – додаде Џонсон.

Британскиот премиер неодамна беше виден како трча со личен тренер во парк во близина на Даунинг стрит.

Исто така е познато дека во периодот во кој тој беше градоначалник на Лондон, помеѓу 2008 и 2016 година, тој беше страствен велосипедист.

Поврзани вести

Меркел не се согласува со мислењето на Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“

Поради својата политика, Шведска би можела да остане изолирана од остатокот на Скандинавија. Соседните држави одбиваат да ги отворат границите

Stefanija Kuzmanovska

Чешка од САД ќе купи 12 воени хеликоптери

Влатко Зорба

Голем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат во карантин

Официјално објавени обвиненија против Трамп во Претставничкиот дом

Maja_Serafimova

Вухан: Изградена болница за 1.000 пациенти заразени од коронавирус

Ивана Рамаданова