СВЕТ

Британците тврдат дека руски хакери крадат податоци за вакцината

Британскиот национален центар за компјутерска безбедност (NCSB) тврди дека хакери поддржани од Русија, се обидуваат да украдат истражувања за вакцината и третманот за Ковид-19 од академски и фармацевтски институции од целиот свет.

Координираната изјава на Велика Британија, САД и Канада ја обвини групата АПТ29, позната и како Cozy Bear за хакерски напади, за кои се тврди дека скоро сигурно функционираат во рамките на руските разузнавачки служби, пренесува „Ројтерс“.

NCSB наведува дека групата за време на нападот користи алатки и техники и предупредува дека АПТ29 ќе продолжи да ги напаѓа организациите кои учествуваат во истражувањето за пронаоѓање и развој на вакцина за Ковид-19.

Велика Британија и САД во мај соопштија дека мрежа хакери нападнале национални и меѓународни организации, кои реагирале на пандемијата на Ковид-19, но ваквите напади претходно не биле експлицитно поврзани со руската држава.

Групата Cozy Bear, која е поврзана со руската влада, е осомничена за хакерски напади врз Демократската партија пред претседателските избори во 2016 година во САД.

Поврзани вести

Истражување: Антителата на корона не траат долго

Еден од највисоките кинески генерали: Ќе го нападнеме Тајван доколку се обиде да прогласи независност

ЕУ предупреди да се избегнат комерцијалните летови во воздушниот простор на Иран

Кои земји би можеле да бидат нови жаришта: Некои држави во развој се уште не го доживеале најлошото

Со кауција од 25.000 евра ослободен Борис Мазо

Кои се симптомите на коронавирус кои не смеете да ги игнорирате