Регион СВЕТ

Брнабиќ ќе биде шефица на српската дипломатија

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ќе ги презеде должности на веќе поранешниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, покрај функцијата на шеф на владата, соопштила синоќа владината прес-служба.

По седницата на Претседателството на СНС, претседателот Александар Вучиќ најавил дека прогресивците ќе ги задржат социјалистите како коалициски партнери во новата влада, но во малку променет формат на коалициска соработка.

Вучиќ најави лдека Ивица Дачиќ ќе биде претседател на Собранието на Србија.

Коментирајќи ја таа одлука, Дачиќ рече дека „најголема чест е за секој државотворен политичар да биде шеф на највисокото претставничко тело и носител на уставната и законодавната власт во Република Србија“.

Српскиот парламент за денеска го закажа продолжението на конститутивната седница, а како што е најавено, пратениците ќе преминат на втората точка на дневниот ред – избор на претседател на собранието.

По оваа седница, пратениците треба да направат измени во законот за Влада и министерства, имајќи предвид дека е најавено формирање на две нови министерства, а потоа на специјална седница мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ќе го претстави своето излагање и предлогот на нејзиниот кабинет. Според законот, рокот за избор на новата Влада на Србија истекува 90 дена по потврдувањето на мандатот на народните пратеници, што во овој случај е 1 ноември 2020 година.

Поврзани вести

Познатиот српски кувар Дејан Маркус со хрватски дилери препродавал дрога

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди околината на Фиренца

Бразил: Тројца разбојници го држеа сопственикот на продавница на нишан, тоа им беше последен грабеж (ВИДЕО)

ОН: Незаконско е убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Кина одговори на Америка: Лажат и игнорираат сериозни проблеми

Stefanija Kuzmanovska

Турција купи ракетен одбранбен систем С-400 од Русија за да го користи