Вести СВЕТ

Бројот на заболени од коронавирус во Јужна Кореја ја надмина бројката од 100, од кои половината се припадници на секта

Бројот на заболени од коронавирус во Јужна Кореја ја надмина бројката од 100, од кои половината се припадници на сектат од градот Дегуа, во кој живеат 2,5 милиони жители.

Центарот за превенција на болести денеска соопшти за 51 нов случај на заразени со коронаворус, со што вкупниот број на заразени во Јужна Кореја се зголеми на 104, а меѓу нив голем број се верници на црквата Шинчеонџи, односно Храмот на светото сведочење, црква која често пати во земјата ја сметаат за секта.

Властите соопштија дека 61-годишна жена заразија најмалку 47 верници во црквата и стравуваат дека бројката може да биде многу поголема,  пренесува порталот Индекс.хр.

Според наводите на порталот, жената на 10 февруари добила висока температура, но во два наврата одбила да се тестира на новиот коронавирус, оправдувајќи се дека не била во странство.

Таа присуствувала на најмалку четири миси и дијагностицирана е како носител на вирусот.

Властите во градот Дегуа соопштија дека 1.001 верници на оваа црква биле на мисите на кои била и носителот на вирусот.

Црквата Шинчеонџи тврди дека нејзиниот основач Ле Мен Хи ја облекол одората на Исус Христос и дека на Судниот ден во рајот ќе поведе 144.000 лица. Црквата ги затвори сите свои структури во целата земја и изрази жалење што една нејзина припадничка која сметала дека нејзиното лоша здравствена состојба била предизвикана од обична настинка, а со тоа заразила бројни верници.

Поврзани вести

Американската армија изврши „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија

Maja_Serafimova

Хонг Конг: Вооружена банда украла 600 ролни тоалетна хартија

Никола Поповски

Под силна полициска заштита отворен најпознатиот божиќен панаѓур во Франција

Сакаше да докаже дека Земјата е рамна, загина во ракета што самиот ја направил (вознемирувачко видео)

Никола Поповски

Американците сепак нема да го плаќаат лекувањето од коронавирус

ГЕРБ на Бојко Борисов ја потврди доминацијата на локалните избори

Maja_Serafimova