Регион СВЕТ

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица, што е за 50 повеќе од вчера, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје.

Меѓу заразените има и 73 здравствени работници. Денеска е регистрирана уште една жртва на Ковид-19, а се работи за постаро лице кои било сместено во домот за стари лица во местото Шмарје при Јелшах.

– Домовите за стари лица се критични точки, пред се поради структурата на луѓето таму, па затоа треба внимателно да се следи ситуацијата на тие места – изјави министерот за здравство Томаж Гантер. Во Словенија засега пет лица починаа како последица на Ковид-19.

Поврзани вести

Најмалку 66 луѓе починаа од Ковид-19 во Иран

Ова е убиецот заради кого почнаа масовните протести во Хонг Конг: Денес го пуштија на слобода (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

ЕУ: Три аеродроми имаат директни летови до жариштето на епидемијата на коронавирусот во Вухан

Оливер Вархеји утре ќе ја презентира новата преговарачка методологија за земјите кандидати

Никола Поповски

Бразилски пратеник поднесе предлог закон – сечење раце за корупција

Уште четири лица од околината на Сиетл починале откако биле инфицирани со Ковид-19