Вести СВЕТ

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати, покажуваат најновите податоци на универзитетот Џонс Хопкинс и порталот Worldometeres.

Во светот со новиот коронавирус се заразени 1.920.985 лица, а 119.686 луѓе починале, според универзитетот Џонс Хопкинс, додека според Worldometers заразени се 1.925.571 луѓе, а починале 119.718.

Од болеста се излекувани 452,178 луѓе.

Од моментално заразените, 96 проценти имаат лесна клиничка слика, додека четири проценти или 51.157 се во сериозна или критична состојба.

Во САД моментално има најголем број заразени луѓе – 587.155 и вкупно 23.644 починати лица.

Според најновите бројки, 170.099 луѓе се заразени во Шпанија, 17.756 починале, 159.516 се заразени во Италија, 20.465 починале, додека во Франција се потврдени 136.779 случаи и речиси 15.000 починати.

Зад нив се Германија со 130.072 заразени и 3.194 смртни случаи, па Велика Британија со 88.621 потврдени заразени лица и 11.329 смртни случаи.

Кина пријави 89 нови случаи, што значи дека се потврдени вкупно 82.224 заразени, додека 3.341 починале.

Поврзани вести

Коронавирус во САД: Дали економијата е поважна од болеста?

Алармантно предупредување од СЗО: Пандемијата се влошува, неопходна е претпазливост

Stefanija Kuzmanovska

Фаучи: Можеби нема да има втор бран во САД

Влатко Зорба

Нови лажни дојави за бомби во Санкт Петербург

Во Тексас стапи на сила одлуката за казна од 1.000 долари за лицата кои не носат маска

Трамп: Носењето маска е личен избор

Stefanija Kuzmanovska