ЕУ СВЕТ

Бугарите и Грците се најнезадоволни меѓу Европејците од животот во услови на пандемија

Бугарите и Грците се најнезадоволни меѓу Европејците од животот во услови на ограничувања заради пандемијата од новиот коронавирус. Наведени се резултатите од истражувањето на граѓаните од 27 земји на Европската унија за социо-економските последици од Ковид-19 врз Европејците, спроведено од Европската фондација за подобрување на животните и работните услови.

Европејците под 35-годишна возраст се чувствуваат по-тажни и по-осамени од постарите луѓе како резултат на ограничувањата, се наведува во анкетата спроведена преку интернет меѓу 85.000 луѓе. Резултатите од истражувањето покажуваат нагло влошување на квалитетот на животот за луѓе од сите возрасти во условите на пандемија.

Шеснаесет проценти од испитаниците велат дека се чувствуваат осамено поголемиот дел од времето во последните недели откако се воведоа карантин и рестриктивни мерки во повеќето земји. Пред кризата, само 6 проценти од испитаниците се чувствуваа постојано осамени.

Дваесет проценти од Европејците под 35-годишна возраст сега велат дека се сами, што е за 4 проценти повеќе од анкетите пред кризата. Французите се чувствуваат најосамени.

Луѓето под 35-годишна возраст исто така пријавуваат пониски нивоа на севкупно чувство на задоволство од животот и среќа. Авторите на студијата веруваат дека ова се должи на престанокот на јавните настани и неможноста на младите луѓе да се сретнат со пријатели и роднини надвор од домаќинството.

Оптимисти се 46 проценти од Европејците за сопствената иднина, што претставува намалување од 18 процентни поени од слично истражување во 2016 година. Оптимизмот е под просекот во земјите што се најтешко погодени од Ковид-19 – Франција, Италија , Белгија и Шпанија.

Четвртина од испитаниците велат дека ја изгубиле својата работа привремено или трајно поради пандемијата, при што младите се најтешко погодени. Половина велат дека работното време им е намалено. Скоро 40 проценти ја опишуваат нивната финансиска состојба како полоша отколку пред пандемијата. Речиси половина од нив велат дека нивното семејство нема да се справи со кризата и повеќе од половината велат дека нема да можат да го одржат сегашниот животен стандард без приходи.

Поврзани вести

Над 468 илјади смртни случаи од коронавирус во светот, скоро 9 милиони заразени

Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја: САД да се откажат од „непријателската политика“

Француски лекар: Првиот случај на коронавирус бил на 27 декември

Новиот адут на Трамп во борбата против демонстрантите во САД: Сподели ВИДЕО од Афроамериканец како напаѓа белец

Stefanija Kuzmanovska

Нетанјаху: Анексијата на долината на Јордан од населбите на Западниот брег е мој приоритет

Фуџифилм со зголемено производство на лекот Авиган кој се користи за третман на Ковид-19