Регион СВЕТ

Бугарски пратеник позитивен на Ковид-19, сите пратеници ќе треба да бидат тестирани

Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева синоќа соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус.

Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов.

Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на денешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток.

Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април.

Комисијата за буџет и Комисијата за енергетика нема да заседаваат денес.

Поврзани вести

Коронавирусот ги принуди кинески фирми да бараат милијарди долари кредити

Конте: Албанската опозиција да седне на маса, да се надмине политичката криза

user4

Бајден ја осуди реакцијата на Трамп на протестите во САД

Stefanija Kuzmanovska

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба, 200.000 луѓе евакуирани заради пожарите

Maja_Serafimova

„Рајанер“ ги укинува летовите кон Бања Лука, Ниш и Подгорица

Полска заплени рекордни два тона кокаин (ВИДЕО)