Вести СВЕТ

Чешката влада: 15 000 новозаразени за еден ден, сите мерки ги употребивме, ни останува уште вонредната состојба

Вчера во Чешка биле потврдени 14.968 новоинфицирани со коронавирус, што е дури за 3.000 повеќе од претходниот ден, поради што Владата денес вовела вонредни мерки со кои ќе се обиде да ги задржи граѓаните линијата работа-дома. Од избувнувањето на пандемијата во март, досега биле заразени 208.915 лица, а во моментот има 124.040 активни случаи.

Во Чешка, која има 10,7 милиони жители, починале 1.739 лица, најмногу во понеделникот, 100, а во последните 24 часа 69.

Во моментов има 4.417 пациенти во болниците, што е четирипати повеќе отколку на почетокот на октомври и трипати повеќе пациенти во сериозна состојба на кои им е потребна интензивна нега или респиратор за дишење, од кои сега има 657.

Премиерот Андреј Бабиш апелирал до Чесите да ги почитуваат новите мерки затоа што претходните поблаги, кои биле воведени есента, не функционирале. Министерот за внатрешни работи и шефот на Централниот кризен штаб за борба против епидемијата КОВИД-19, Јан Хамачек, предупредил дека владата прибегнала кон најтешките мерки и дека нема ништо повеќе како адут, освен целосно затворање на економијата и народот како во Израел.

„Нема многу можности за заострување понатаму. Владата го искористи најтешкиот калибар, освен целосно да ја исклучи економијата на целата земја, што не си го дозволија никаде освен во Израел“, рекол Хамачек за весникот „Право“.

Поврзани вести

Втор волонтер со несакани ефекти од Оксфордската вакцина

Александар Петровски

Не се потврдени случаи на коронавирус во Црна Гора

За нов генерален директор на МААЕ е избран Рафаел Гроси

Maja_Serafimova

Вооружени лица упаднаа во клиника за рехабилитација од дрога во Мексико, најмалку 24 убиени

Се ќе се промени: Каков ќе биде светот после коронавирусот и како ќе живееме?

Руските и силите на Асад влегоа во градот Кобане

Maja_Serafimova