Вести СВЕТ

Чешкиот претседател: Нема патувања во други земји, летово уживајте во убавините на Чешка

Чешкиот претседател Милош Земан им порача на граѓаните ова лето да уживаат во убавината на својата земја, бидејќи патувањaта во другите земји ќе бидат забранета цела година поради пандемијата на коронавирус.

Во вчерашното интервју, Земан рече дека сегашните ограничувања и затворање на границите треба да траат најмалку една година „за патниците да не донесат нов бран на болеста од патувања во земји каде епидемијата сè уште не завршила“.

Да се потсетиме, дека во средината на март, Чешката Република воведе забрана за влез и напуштање на земјата, со цел да го потисне ширењето на новиот коронавирус. Оние кои патуваат на работа, возачите на камиони и луѓето кои имаат важни причини да одат во друга земја, како што е медицински третман, се ослободени од забраната за напуштање на земјата.

Поврзани вести

Личните податоци на над 267 милиони корисници на Фејсбук се слободно достапни на Интернет

Шпанија ќе го ограничи рекламирањето на обложувалниците

Александар Петровски

Тачи: Очекуваме наскоро да ставиме крај на дијалогот меѓу Србија и Косово, со взаемно признавање

Трамп: САД се подготвени да направат се што треба ако почне да се шири вирусот, ризикот останува мал

Александар Петровски

Огромен астероид утре ќе помине покрај Земјата

Влатко Зорба

Усогласен документот на конференцијата за Либија