Регион СВЕТ

„Човекот на Ердоган“ победи на претседателските избори во северен Кипар

Националистот Ерсин Татар, кој е поддржан од Турција, со тесен резултати го победи социјалдемократот Мустафа Акинџија на изборите за претседател на турскиот дел на Кипар.

По пребројувањето на 100 проценти од гласачките ливчиња, Татар освоил 51,74 проценти во вториот круг од изборите, а Акинџи, сегашниот претседател, освоил 48,26 проценти од гласовите, објави кипарската телевизија БРТ.

60-годишниот Татар се залага за уште поблиски врски со Анкара отколку порано и целосно усогласување со нејзините политики, како и поцврст став кон кипарските Грци во мировните разговори, објавува Асошиејтед прес.

Наспроти тоа, Акинџи, 72, се спротивставил на целосната доминација на Турција врз северен Кипар и се залагалза поголема независност од Анкара.

Додека Акинџи е повторно за федерација за повторно обединување на Кипар, Татар е посветен на грчките, јужните и турските, северни делови на Кипар да бидат две независни држави. Кипарските медиуми веќе објавија дека Татар е „човек на Ердоган“.

Татар очигледно имал поголема корист од повисокиот одзив во денешниот втор круг во споредба со првиот круг од изборите одржан пред седум дена, според Асошиејтед Прес.

Меѓународно призната земја е Кипар, кој се наоѓа во јужниот, грчки дел на островот. Грчкиот дел на Кипар е членка на ЕУ, додека само Турција ја призна кипарската турска држава на северот од овој поделен медитерански остров.

Првиот тест за новиот претседател на кипарските Турци ќе биде состанок со кипарските Грци и претставниците на трите земји „гаранти“ на Кипар – Грција, Турција и Велика Британија, што го најави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со цел да се раздвижат замрзнатите мировни преговори.

Поврзани вести

Трамп ја обвини Пелоси за „предавство“

user4

СЗО: Светот е среќен што има толку кандидати за изработка на вакцина

Stefanija Kuzmanovska

СЗО предупредува дека вирусот може никогаш да не исчезне

Американски и белгиски научници: Лекот за коронавирус би можел да се наоѓа во лама?

Девет морнари од американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт се во болница поради коронавирус

Разговорот помеѓу Путин и Ердоган се базираа на билатералните односи и ситуацијата во Сирија

Maja_Serafimova