Регион СВЕТ

Д-р Јанковиќ: Клиничката слика која ја развиваат деца при овој налет на коронавирус е посериозна

Клиничката слика која ја развиваат деца при овој налет на коронавирус е посериозна отколку во претходниот период и повеќе слична на клиничката слика кај возрасните.
Сепак, српскиот имунолог д-р Срѓа Јанковиќ посочува дека огромното мнозинство на деца нема да имаат големи проблеми или тие ќе бидат минимални.

– Таков е случајот со огромното мнозинство на деца, како што забележавме во текот на епидемијата досега. Сепак, има смисла да ги заштитиме сите од инфекција, дури и децата, токму поради веројатноста, што е индивидуално мала, дека ќе се развие потешка клиничка слика – вели тој за „Пинк“.

Малата веројатност сепак не е гаранција дека децата нема да развијат потешка клиничка слика.

– Се разбира, кога имаме епидемија што се распламтува и кога се заразуваат голем број на луѓе, вклучително и деца, сè уште можеме да видиме, како што е случајот сега, деца кои имаат значителни симптоми и тешкотии – заклучи тој.

Поврзани вести

Аеродромот Хитроу соопшти дека очекува бројот на патници во април да е намален за речиси 97 проценти

ЕУ: Потребна е подобра координација за справување со коронавирусот

Ердоган: Терористите на ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од оваа зона во рок од 150 часа

Maja_Serafimova

Се огласија од ИД: Коронавирусот е божја казна за тираните на денешното време

Д-р Тиодоровиќ вели дека ќе се воведуваат нови мерки заради короната

Лондон – најдобар град во светот за 2019

Никола Поповски