Регион СВЕТ

Д-р Кoн: Кoроната може да потрае уште две години

Целото лето пред нас ќе помине во знакот на борбата против короната, а најголем удар се очекува во есен.

Доколку интензитетот на ширење на инфекцијата не се намали, се проценува дека епидемијата во Србија би можела да трае цели две години.

Ваквата сегашна епидемиолошка состојба ја оценуваат медицински експерти, кои се убедени дека почетокот на сезоната за ширење на респираторни инфекции ќе биде проследен со ново појавување на ковид 19.

– Вирусот јасно ни порача дека нема сезона и дека високите температури не ја спречуваат неговата активност – рече д-р Предраг Кон.

– Убеден сум дека неговата моќ да се шири е иста како и на почетокот на епидемијата. Единствената разлика е во тоа што сега имаме многу поголем број тестирани, а до вчера немавме никакви ограничувања на собирите, туку само стручни совети за потребната заштита. Затоа е многу важно да се навикнеме да носиме маски, не само во наредните 15 дена, сè додека се воведени обврзувачки мерки, туку многу подолго од тоа, за да бидеме подготвени за есен.

– Убеден сум дека процентот сега е околу 10 отсто – вели д-р Кон.

– До есен, може да достигне 20 проценти, но тоа не е доволно и затоа ни треба дисциплина.

Д-р Кон истакнува дека веројатноста за ширење на вирусот се сведува на само еден процент доколку сите граѓани носат маски:

– Кога поединец носи маска во околина каде другите ја немаат, тој е заштитен со само 30 проценти. Затоа, ако се почитуваат новите мерки, останува само теоретска можност за зголемување на бројот на пациенти.

Говорејќи за епидемиолошката состојба во студентските домови во Белград, д-р Кон рече дека има околу 300 заразени студенти, само 10 проценти од нив се од домови.

Поврзани вести

Расте бројот на мигранти кои доаѓаат од Турција

Maja_Serafimova

Новиот коронавирус однесе уште 85 животи во Иран, најмногу во еден ден

Паника во Виетнам: После 100 дена нови случаи на Ковид-19, се евакуираат 80.000 луѓе

Панос Каменос е меѓу најбогатите грчки политичари: Има 66 недвижнини, три автомобили и јахта

Експерт од областа на генетиката открива што е клучно за да не дојде до масовно ширење на коронавирусот

Откажан состанокот на претседателите на иницијативата „Брдо-Бриони“

Влатко Зорба