Регион СВЕТ

Дачиќ: Апсењето на Хасанов е внатрешна работа на Азербејџан

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавил дека амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, не бил уапсен во Србија, туку во Азербејџан и дека станува збор за внатрешна работа на таа земја.

„Тоа е внатрешно прашање на Азербејџан и нивните безбедносни и судски тела и Србија не се меша во тоа. Хасанов беше уапсен во Азербејџан“, рекол Дачиќ во изјава за српските медиуми.

Амбасадорот Елдар Хасанов е уапсен под сомнение дека проневерил голема сума пари од буџетот, соопшти денеска прес-службата на државната безбедност на Азербејџан.

„Тој е обвинет за проневера на голема сума на буџетски средства, како и за други прекршоци“, објавила прес-службата на државната безбедност.

Хасанов е приведен како осомничен во истрагата. Кривичната постапка се наоѓа во фаза на истрага.

Поврзани вести

Вучиќ сними видео за договорот со Трамп

Stefanija Kuzmanovska

Радев ја повика бугарската влада да си даде оставка

Влатко Зорба

Лукашенко: Луѓето да не подлегнуваат на „психозата на коронавирусот“

Цената на нафтата се зголеми по твитот на Трамп

Експерти: Ширењето на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација

Рејтинзите укажуваат остра поделеност на јавноста околу импичментот на Доналд Трамп