Вести СВЕТ

Дали е поминат пикот на пандемијата: Девет европски земји ќе ги укинуваат рестриктивните мерки

Некои европски земји најавија олеснување на рестриктивните мерки воведени во средината на март за борбата против коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Во Австрија, продавниците што не продаваат основни прехранбени производи и се поголеми од 400 метри квадратни ќе се отворат во вторник на 14 април, како и градинарските центри. Отворањето на трговски центри, фризерски салони и поголемите продавници енајавено за 1 мај, освен ако ситуацијата не се влоши. Рестораните и хотелите ќе бидат отворени постепено од средината на мај.

Бугарската влада им овозможи на пазарите да работат повторно од 7 април, како и на продавниците за алати и велосипеди.

Мерките поврзани со активности на отворено како што се трчањето и возењето велосипед се опуштени во оваа земја, додека ограничувањата за патувања ќе бидат олеснети по Велигден.

Данска ќе ги отвори градинките и училиштата за ученици од 1 до 5 одделение од 15 април. Сите други мерки против ширење на вирусот ќе останат во сила барем до 10 мај.

Норвешка најави постепено олеснување на мерките што ќе започнат на 20 април со отворање на градинките, додека училиштата за децата од прво до четврто одделение ќе се отворат една недела подоцна. Олеснувањето на забраната за работа за фризерите и козметичките салони исто така е најавена за овој месец.

Финската влада размислува за олеснување на ограничувањата во сообраќајот во околината околу Хелсинки, но другите забрани ги продолжи до 13-ти мај.

Германија ќе размисли за релаксирање на правилата за социјална дистанца на 14 април, додека постепеното враќање во нормален живот ќе се дискутира по велигденските празници доколку продолжи позитивниот тренд во епидемиолошката состојба во земјата.

Во текот на следните неколку недели, можно е да се олесни забраната за напуштање на домовите и повторно отворање на некои продавници во Ирска.

Литванија, во која карантинските мерки се продолжени до 27 април, објавува дека по Велигден е можно да се ублажат мерките, особено оние што се поврзани со работата на малите претприемачи.

Во Швајцарија, Владата планира да ги олесни рестриктивните мерки на крајот на месецот по истекот на мерките за карантин, кои беа продолжени до 26 април.

Во Украина, Владата најави можно олеснување на ограничувањата до крајот на овој месец што ќе започне со продолжување на јавниот превоз и укинување на забраната за одење на работа.

Поврзани вести

Жителите на Унгарија и Словачка најмногу посетувале лекари во Европската унија

Претседателот на САД на удар на социјалните медиуми: Трамп цензуриран и на „Снепчет“

Поради сомнежи за постоење масовна гробница ќе почнат ископувања во кампусот на Приштинскиот универзитет

Индискиот премиер: Можеме да претвориме Пакистан во пепел за помалку од 10 дена

Никола Поповски

Официјално: Штетата од разорниот земјотрес во Албанија изнесува над 985 милиони евра

Александар Петровски

Петмина загинати откако мал авион се урна во Луизијана (ВИДЕО)