Вести СВЕТ

Дали и кога можеме да го очекуваме вториот бран на Ковид-19: Зошто научниците се загрижени?

Текот на епидемијата на „Ковид-19“ постепено се намалува во голем број европски земји.

Додека сите со нетрпение чекаме мерки за релаксација за да се врати животот во нормала барем делумно, многу експерти предупредуваат на веројатниот втор бран од пандемијата, пишува Јутарњи лист.

1. Кога ќе дојде вториот бран?

– Традиционално, луѓето мислат на вториот бран на Ковид-19 во смисла на сезонскиот грип што се враќа во зима. Не знаеме дали постојат сезони за новиот коронавирус, но можеме да замислиме дека кога ќе се вратиме во нормален живот, можеби преку лето, повторно да се зголеми бројот на случаи на коронавирус – изјави за Лондон Тајмс, проф. Робин Шаток од Империал колеџот во Лондон.

Дека уште еден бран на Ковид ќе ја погоди светската популација оваа година е убеден и еден од водечките кинески инфектолози, проф. Женг Венхонг од универзитетот Фудан во Шангај. Тој верува дека новата болест нема да исчезне ова лето, но верува дека новата епидемија ќе се случи на есен.

2. Дали другите заразни болести ќе се појавуваат во бранови?

– Заразни болести се однесуваат на различни начини. Но, пандемијата на шпански грип од 1918 година, во која животот го загубија 50 до 100 милиони луѓе, се смета за клучен пример затоа што се случи во три бранови до 1920 година, од кои вториот беше најсмртоносен.

Другите две пандемии на грип во 20 век, 1957 и 1968 година, „го нападнаа“ човештвото во бранови. Пандемијата на свински грип (H1N1) започна во Мексико во април 2009 година, проследена со втор бран во САД и Европа во есен. Но, од друга страна, имаме пример на САРС (тежок акутен респираторен синдром) кој се појави во 2003 година во Кина, се прошири во некои земји од нејзиното опкружување и Канада, ги одзеде животите на околу 800 од 8000 заразени, а потоа исчезна во летото истата година. .

3. Дали има докази дека коронавирусот се враќа во некои земји?

– И покрај очигледниот успех на Кина во донесувањето на болеста под контрола во тешко погодената провинција Хубеи, случаи со нови инфекции неодамна се пријавени на северот на земјата. Сингапур, кој беше пофален за својата ефикасна реакција, сега доживува и остар пораст во бројот на пациентите.

Иако Сингапур воспостави силен систем за барање на контактите на заразените лица меѓу општата популација, болеста повторно се појави во тесните домови со лоши хигиенски услови што ги користат странските работници. Во понеделникот, Сингапур забележа дури 1426 нови случаи, што ја натера островската нација да воведе строги мерки за карантин. Вниманието го привлекува и помалото зголемување на новоинфицираните во Германија, која исто така добро се справи со епидемијата „Ковид-19“.

4. Зошто научниците се загрижени?

Заканата од болест се намалува кога чувствителноста на населението кон болеста паѓа под одреден праг, кога се стекнува колективен имунитет или вакцината е широко достапна.

Иако во последните месеци се објавени многу научни студии за новата болест и сè уште се нема моќно оружје против неа, како што се ефективните лекови и вакцини. Дури и научниците сè уште не знаат колку луѓе се здобиле со имунитет против Ковид затоа што ја преболеле заразата. Не е познато колку долго овој имунитет ги штити хронично болните.

Соодносот на подложни и имуни лица кај популацијата на крајот на еден бран ја одредува потенцијалната јачина на следниот бран. Како и да е, со оглед на тоа што се шпекулира за вистинскиот број на заразени, сите држави сè уште се многу ранливи на повторниот раст на бројот на заразени.

– Епидемиите се како пожари. Кога има многу гориво, тој е распространет и неконтролирано лут, а кога има малку, тој полека се гаси. Епидемиолозите овој интензитет го нарекуваат „заразна сила“ и горивото што го управува е подложноста на населението кон патогенот. Како што новите бранови на епидемија ја намалуваат чувствителноста, така се намалува и силата на инфекцијата, намалувајќи го ризикот од заболувања дури и кај оние кои немаат силен имунитет – изјави за „Вашингтон пост“ Џастин Леслер, вонреден професор по епидемиологија на универзитетот „Џон Хопкинс“.

Поврзани вести

Почина двегодишно девојче во Торонто откако клима уред паднал од 8 спрат право на детската количка (ВИДЕО)

Кина ги затвори сите времени болници во градот Вухан

Ужасна сообраќајна несреќа во Белград: Загина возач на градски автобус

Никола Поповски

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Турција зазеде уште две курдски села

user4

„Стандард и Пурс“: Албанската економија е под закана од пад на инвестиции