Вести СВЕТ

Дали ќе се смират тензиите меѓу Анкара и Москва: Средба меѓу Чавушоглу и Лавров во Минхен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во недела, на 16 февруари, во Минхен, на маргините на Конференцијата за безбедност, јавија денеска руските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Русија го критикуваше синоќа соопштението на Анкара, за ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Кремљ ја обвини Турција, претходно оваа недела, дека не го почитува договорот постигнат со Русија за неутрализирање на милитантите во сириската провинција Идлиб и за продолжување на нападите врз сириските и руските сили во регионот.

Русија постигна договор со Турција во 2018 година за создавање демилитаризирана зона во Идлиб, но тие договори и други аранжмани се сомнителни поради зголемените тензии во регионот.

Москва ги даде коментарите откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им рече на членовите на неговата партија АК во Анкара дека турската војска ќе пука врз сириските државни сили од воздух или копно, ако уште еден турски војник е повреден.

Поврзани вести

Британците кои покажуваат „дури и најмали“ знаци на инфекции ќе им биде кажано да се самоизолираат

Вкупно 651 нови смртни случаи беа регистрирани вчера во Италија од Ковид-19, што е речиси 20 проценти намалување на смртноста

Саудиска Арабија инвестира 400 милиони долари во „КлаудКитченс“

Кери Лам им се извини на муслиманите поради испрсканата џамија во Хонг Конг

Maja_Serafimova

„Супер вторник“: Обид на демократскиот центар да го запре Сандерс

Маж соборен во супермаркет откако кашлал и плукал врз храна: Ова е неприфатливо (ВИДЕО)