Вести СВЕТ

Дали коронавирусот прво се појавил во Италија: Доктор тврди дека имале случаи на невообичаена пневномија уште во ноември

Брзо распространетата пандемија на коронавирус, која се шири низ Европа и САД, го поставува прашањето дали Ковид- 19 за прв пат се појавил кога беше официјално објавен во Кина или можеби претходно се проширил надвор од нејзините граници.

Почитуваниот италијански истражувач и фармаколог др. Џузепе Ремузи, директор на Институтот за фармаколошки истражувања „Марио Негри“ во Милано и коавтор на сеопфатна студија за структурата и трендовите на ковид-19 во реномираниот научен магазин „Лансет“, даде уште едно можно објаснување за ширење на вирусот.

Во интервју за американско радио, Ремузи рече дека од општите лекари во регионот Ломбардија дознал дека имаат случаи на многу невообичаена пневмонија (воспаление на градите) и особено сериозни симптоми кај постарите лица во декември, па дури и ноември минатата година.

„Ова значи дека вирусот можеби циркулирал, барем во италијанскиот северен регион Ломбардија, а пред да бидеме свесни дека оваа епидемија ќе се појави во Кина“, рече д-р Ремузи, додавајќи дека е невозможно да се бориш против нешто за што не се знаеш дека постои.

Иако докторот првично коментираше на едно сосема поинакво новинарско прашање – зошто Италија реагираше толку задоцнето на почетокот на ковид-19 отколку што се очекуваше, американскиот медиум излезе со неговите зборови и ги објави на својот официјален твитер, бидејќи тие може да се однесуваат на потеклото на коронавирусот. Кинеската централна телевизија, исто така, ја истакна проценката на д-р Рамузи во насловот на својот извештај.

Прашањето е заинтригирачко бидејќи сè уште не се знае кој бил „нулта пациентот“ во светот кој ја проширил инфекцијата со коронавирус во Кина.

Првичните анализи покажаа дека коронавирусот најпрво започнал да се пренесува од личност до личност на пазарот за морска храна во кинескиот град Вухан. Се тврдеше дека првиот заразен пациент покажал симптоми на болеста на 8 декември. Тоа било постар човек кој живеел недалеку од пазарот и страдал од Алцхајмерова болест.

Последните истражувања за геноми покажаа дека првото лице со ковид- 19 е заразено на 1 декември 2019 година, значително порано отколку што заболените дошле во контакт со морската храна од пазарот.

Научниците не ја исклучуваат можноста вирусот да не потекнува од пазарот во Вухан, туку  од некое непознати место, по што избувна епидемијата на пазарот.

Сè уште не знаеме каде и кога за прв пат се случи тој пренос. Студиите исто така јасно покажуваат дека вирусот не бил произведен во лабораторија.

Ако коронавирусот навистина се развил во Ломбардија, Италија уште во декември, како што се сомневаат италијанските лекари, тоа би можело дополнително да ја објасни тврдоглавоста на епидемијата и високата смртност предизвикана во овој регион.

Многу италијански виролози и епидемиолози во последниве денови отворено го нарекуваа Ломбардија како „тврдина на коронавирусот“ и потенцираа дека многу процеси на болести не се лесни за толкување.

Проблемот во Ломбардија е високата просечна возраст на заразените, потоа густината на населението и потоа фактот дека болеста влезе во болници.

Италија е втора најстара нација во светот, веднаш по Јапонија и е единствената земја во Европа со повеќе луѓе од над 80 години отколку новороденчиња.

Поврзани вести

По коментарите на Макрон, Помпео и Мас во одбрана на НАТО

Гутереш: Пандемијата е можност за трансформација на градовите

Влатко Зорба

Се бараат исчезнати во Бејрут, починати најмалку 135 луѓе

Влатко Зорба

Старџен: Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит

ОН: Незаконско е убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Трамп злоупотребил финансиски средства од хуманитарна фондација, мора да плати два милиони долари