Вести СВЕТ

Дали маските навистина штитат: Шокантни докази од 1991 година испливаа во јавноста

„Никогаш не е докажано дека носењето хируршки маски ги намалува постоперативните инфекции на раните“, пишува д-р. Горан Туневал во својата контролирана студија, објавена во 1991 година во „World Journal of Surgery“.

„Наспроти ова, имаше 50 проценти намалување на(инфекцијата) откако не користевме маска“.

Затоа Туневал одлучи да ги тестира маските. Неговиот хируршки тим вршел наизменично 3.338 операции, со и без употреба на маски. 1.537 операции со маски завршиле со 73 инфекции. Тоа е стапка на инфекција од 4,7 проценти. Скоро 5 од секои 100 пациенти.

1.551 операции без маски забележале само 55 инфекции. Тоа е стапка на инфекција од 3,5 проценти. Помалку од 4 на секои 100 пациенти. Значи, ние гледаме на 34 проценти зголемување на инфекциите во случај на носење маски.

Туневал заклучил дека маските „не ја докажале заштитата на пациентот, чија операција ја извршувал здрав здравствен тим“.

Значи, ако маските не можат да ја заштитат ниту отворената рана, кога хируршкиот тим дише директно во неа, каква е нивната корист во јавна средина каде никој од нас нема отворена рана?

Како што напишав претходно, маските можат да ги запрат капките течност и слуз, но доказите покажуваат дека тие не го спречуваат ширењето на коронавирусот.

„Значи, ако маските не можат да заштитат ниту од отворената рана, кога хируршкиот тим дише директно во неа, каква е нивната корист во јавна средина каде никој од нас нема отворена рана? Како што напишав претходно, маските можат да ги запрат капките течност и слуз, но доказите покажуваат дека тие не го спречуваат ширењето на коронавирусот“, тврди Туневал.

Поврзани вести

Челзи Менинг се обидела да се самоубие

Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до социјално дистанцирање

Путин и Ердоган постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб

Кина ги затвори сите времени болници во градот Вухан

Каква е епидемиолошката состојба на Балканот: Црна Гора најстабилна, Словенија прогласи крај

Снимка која го шокираше светот: Дете се обидува да ја разбуди својата почината мајка (видео)