Вести СВЕТ

Дали на повидок е шести мандат на Лукашенко: „Жена не може да биде претседател на Белорусија“

Претседателот Александар Лукашенко изјавил дека жена не може да биде претседател на Белорусија затоа што општеството не е зрело за тоа.

Како што вели, според Уставот, претседателот има силна моќ, а жената не може да го стори тоа.

„Ние не сме Литванија, каде претседател беше Далија Грибаускаит, која дојде, се насмевна, седна и си замина. Таа не беше одговорна за ништо, бидејќи Литванија е парламентарна република“, објаснил Лукашенко.

Претстојните претседателски избори во Белорусија ќе се одржат на 9 август, а Александар Лукашенко ќе учествува на нив по шестипат, ветувајќи дека ќе поминат во фер и демократски услови. Засега, на списокот има 15 кандидати за претседател, а до 19 јуни групите треба да соберат 100.000 потписи за своите претставници, што ќе биде голем проблем за поединците.

Лукашенко победува петпати по ред, а и овој пат има големи шанси. Само во 1994 година тој морал да оди во вториот круг на гласање. Пред пет години, тој добил дури 83,49 проценти од гласовите, а второпласираната Татјана Короткевич само 4,42 проценти од гласовите.

Аналитичарите предвидуваат дека најсериозен противник на Лукашенко ќе биде Владимир Цепкало (55), кој бил амбасадор на Белорусија во САД пет години. Тој го основалбелорускиот парк за висока технологија, со кој управувал од 2005 до 2017 година. Цепкало излезе со концепт како да ја направи Белорусија земја на компјутерски технологии. На неодамнешната прес-конференција, тој рекол дека на Белорусија ѝ е потребна модернизација во сите сфери и проценува дека Белорусија не се развила во последните десет години.

Поврзани вести

Кина: СЗО соопшти дека нема докази дека новиот коронавирусот потекнува од лабораторија

Тројца рекетари силувале должник во Србија поради 200 евра

Сезоната на грип ќе го удвои бројот на заразени со коронавирус?

Влатко Зорба

Се зголемува бројот на заразени лица во Германија

Влатко Зорба

Ердоган: Турција не може да прими нов бран бегалци од Сирија

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот