Регион СВЕТ

Дали Приштина и Брисел го чекаат Бајден за да му спремат удар на Белград?

Одбивањето на Приштина да разговара за Заедницата на српски општини ја доведе во прашање и средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, што е закажана за 28 септември во Брисел. Овој потег на косовските лидери, но и непостапувањето на ЕУ, исто така се толкува како намерен „тајм аут“ до американските избори.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на Твитер објави дека преговарачите ќе се појават во Брисел во понеделник, пишува „Спутник“.

Приштинските медиуми објавиле дека Лајчак ги поканил страните да одржат разговори, на ниво на координатори за дијалог, во недела (27-ми септември) и понеделник, 28-ми септември, додека средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се одржи во Вторник, 29 септември.

Сепак, приштинските медиуми тврдат дека состанокот е сè уште неизвесен и дека ЕУ испратила покани до Белград и Приштина, но одржувањето состаноци зависи од одговорот на двете страни.

Драгомир Анѓелковиќ, политички аналитичар, смета дека со одложување на преговорите ЕУ би покажала дека веќе нема никаков геополитички капацитет, но и волја да ја скроти Приштина.

Албанците сè уште чекаат да победи Бајден

„Факт е дека кога Америка се вклучи во некои прашања, работите се решаваат брзо, но исто така е факт дека ЕУ работи на дијалогот во Брисел со години и не постигнала ништо за нејзино спроведување“, се сеќава Анѓелковиќ.

Неговиот впечаток е дека ништо не е случајно и дека Германија и Брисел ја лажат Србија и работат за Приштина. Ако тоа не е случај, вели тој, тогаш станува збор за неможноста Брисел да стори нешто.

„И едното и другото се лоши опции и го нарушуваат кредибилитетот на ЕУ. Ако ЕУ сака да го зачува дури и минимумот на кредибилитет, ќе треба да вложи напори и да ја принуди Приштина да го спроведе она што го презеде како обврска во Бриселскиот договор“, забележал соговорникот на Спутник.

Анѓелковиќ посочува дека ако не го стори тоа сега, кога големите сили се приклучиле на целата приказна, тој натпревар ќе покаже дека ЕУ е само „тигар од хартија“ и дека нема никакво влијание и значење. Според него, нарушувањето на договорената агенда за преговори во Брисел може да влијае и на спроведувањето на договорот од Вашингтон.

Поширока геополитичка приказна од самиот дијалог

„Ценам дека и Албанците и ЕУ купуваат време играјќи на картата Бајден. Тие сè уште сметаат дека Бајден ќе победи, и дека, ако тоа се случи, тој ќе ја поддржи Германија и ќе и го препушти косовското прашање на неа. Значи, не е исклучено оваа диференцијација на Приштина, и нереакцијата на ЕУ, да биде насочена против Трамп, и во корист на Бајден. Бидејќи, ова е многу поширока геополитичка игра од односот помеѓу Белград и Приштина“, посочува Анѓелковиќ.

ЕУ е силна на зборови, но не и на дела

За потсетување, на 17 септември се одржа состанок на експертско ниво, на кој косовската делегација „категорично одби“ да разговара за Заедницата на српските општини.

Потоа, европската страна прифати експертите најпрво да разговараат за финансиите и имотот и за ЗСО да се дискутира „во наредните денови“, односно пред планираниот состанок на 28 септември. Со оглед на тоа што Приштина изјавила дека нема да има разговори за ЗСО, можно е оваа недела да нема состанок на ниво на експерти, па затоа е малку веројатно дека состанок на лидерите ќе се одржи на 28 септември.

Поврзани вести

Германија: Граѓаните смеат да протестираат на улица и покрај мерките за карантин

Причина за пожарот на рускиот носач на авиони е изведување заварувачки работи, повредени 10 лица

Сведоштво на единствениот кадет што го преживеа падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Александар Петровски

Кисиќ Тепавчевиќ: Не изгубивме контрола над епидемијата

Stefanija Kuzmanovska

Позитивен на коронавирус заразил дури 533 лица во фабрика за преработка на риби

EУ ја одбележува 70-годишнината од основањето без поголеми прослави поради карантинските мерки