Вести СВЕТ

Дали САД го пронајдоа суперносителот на КОВИД-19: Заразил 15 лица, тројца починале

Кон крајот на февруари, кога САД се уште веруваa дека можат да го спречат пренесувањето на коронавирусот, жител на Чикаго отишл на погреб, а три дена подоцна го прославил роденденот со семејството и роднините, незнаејќи дека тој ги заразил сите присутни со „Ковид-19“.

Притоа, тој започнал ланец на пренос на болеста, од која заразил вкупно 15 лица, а тројца починале, објавиле од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Овој случај е пример за тоа колку е клучно да се придржуваме кон препораките за социјална оддалеченост и забрана на движење, посочува CDC, бидејќи е детално утврдено како едно лице заразило толку многу луѓе.

На почетокот на смртоносниот ланец сите изгледаат здрави

Се почнало кога примарниот заразен вечерта претходно бил излезен со двајца пријатели, при што сите јаделе од заеднички порции нарачани „за надвор“.

За време на вечерата која траела околу три часа и настанот од следниот ден кој траел околу два часа, каде имало луѓе кои од дома носеле јадења, примарниот заразен, како што и самиот кажал, изразувајќи сочуство гушнал четири лица, меѓу кои и двете со кои претходната вечер јаделе.

Во следните два до шест дена три лица развиле симптоми на Ковид-19, меѓу кои и едно кое било хоспитализирано и починало еден месец подоцна.

Другите две лица  не завршиле во болница и се излечиле

Заболениот, пред да почине, на одделението за интензивно лечење бил посетен од член на фамилијата кој на настанот бил во контакт со примарниот заразен.

Кај тој посетител, кој не носел заштитна маска во болницата, подоцна се развила кашлица и температура, но закрепнал.

Три дена по настанот примарниот заразен бил на роденденска прослава на која имало девет членови од неговата фамилија и за време на следните три часа бил во близок контакт со сите присутни.

Кај седум од нив во рок од три до седум дена се појавиле симптоми на Ковид-19. Две лица од нив кои завршиле во болница починале.

Две лица кои се грижеле за еден од двајцата починати исто така развиле симптоми на Ковид-19. Станува збор за член на фамилијата и професионален негувател кој немал поврзаност со фамилијата.

Еден од членовите на фамилијата на примарниот заразен најверојатно заразил уште еден роднина кој не присуствувал на роденденската прослава.

Тројца гости на роденденот кои имале симптоми биле шест дена после појавата на симптомите во црква каде веројатно заразиле еден здравствен работник кој исто така бил во неа. Тој седел блиску до нив и разговарал со нив околу 90 минути.

Спред CDC заразените имале од пет до 86 години.

„Проширените фамилијарни собири се случиле пред воведување на мерките за социјално дистанцирање и можеле да го олеснат преносот на вирусот во поширока заедница надвор од сопствениот дом“, порача ЦДЦ.

Тој случај ја покажува сликата колку вирусот е заразлив во моментот додека научниците се уште пробуваат да ги разберат начини за неговото пренесување.

Поврзани вести

Се поголем број на Американци веруваат дека е предимензионирана опасноста од новиот коронавирус

Во Централ парк во Њујорк почна поставувањето на монтажна болница (ВИДЕО)

Светот може да учи од Виетнам: Има 95 милиони жители, а нула починати од коронавирус

Екатимерини: Турската полиција фрли солзавец врз грчката (видео)

Трамп истакна дека ниту една земја не се обидува да му помогне да победи на изборите

Харадинај: Косово ја има најмладата војска според моделот на НАТО која е посветена на безбедноста во земјата