Вести СВЕТ

Дали Трамп ќе ги прифати изборните резултатите и ќе ја предаде власта по мирен пат?

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги прифати резултатите од претседателските избори на 3 ноември, соопшти денеска Белата куќа.

Таа објава доаѓа само еден ден откако тој одбил да се посвети на мирно предавање на власта доколку изгуби.

„Претседателот ќе ги прифати резултатите од слободните и фер избори“, изјавил портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекена на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Покрај тоа, лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел и другите водечки републиканци денес се обиделе да ја уверат јавноста дека трансферот на власта ќе биде мирен и дека резултатот од изборите ќе се почитува, пренесува Ројтерс.

„Победникот на изборите во ноември ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Транзициите ќе бидат вообичаени, исто како што се правеа на секои четири години од 1792 година“, напишал Меконел на Твитер.

Претходно, водечкиот републиканец во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, изјавил дека по изборите ќе се случи мирна транзиција на власта.

„Трансферот на власта ќе се одвива непречено и верувам дека претседателот Трамп ќе има многу добра инаугурација“, рекол тој пред новинарите.

На неодамнешната прес-конференција во Белата куќа, Трамп одби да се посвети на мирно предавање на власта доколку ги загуби претседателските избори во ноември.

„Па, ќе мора да видиме што ќе се случи“, рекол Трамп, а пренесува Би-Би-Си.

Тој исто така изјавил дека смета дека за резултатите од изборите ќе одлучува Врховниот суд, повторно изразувајќи сомнежи за регуларноста на гласањето по пошта.

Поврзани вести

Добија храброст: На улиците во Абруцо се шетаат елени (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Турските хотели се подготвуваат за летната сезона: Објавено за кога се планира нивното отварање, ќе бидат без вклучена „шведска маса“

Панос Каменос е меѓу најбогатите грчки политичари: Има 66 недвижнини, три автомобили и јахта

Ерата на Велика Британија по Брегзит: Ова се најважните датуми во одделувањето од ЕУ

Никола Поповски

Професорите во Унгарија: Нема да предаваме фашизам

Алијанса за иднината на Косово бара да не се укинуваат таксите за српските производи

Никола Поповски