Вести СВЕТ

Дали вториот бран на коронавирусот ќе дојде од североисточна Кина?

Во Кина, секојдневниот живот во голема мерка се врати во нормалност, при што кривата на нови инфекции од почетокот на април e константна, скоро на нула, како што покажуваат тековните графикони од американскиот универзитет „Џон Хопкинс“.

Но, веста за нови случаи во провинцијата Хеилонџианг, северо-источна Кина, предизвика стравувања од „нов бран“ на заразата. „Сосема е јасно дека Хеилонџианг се развива во новиот Хубеи“, изјави жител на југозападниот дел од покраината за Дојче веле.

Повеќе жаришта во Хеилонџианг

Од средината на април, според Државната здравствена комисија во Хеилонџианг , бројот на инфекции, т.н. кластери или жаришта на инфекции е регистриран во повеќе градови. Во моментов (податоците се од 29 април), во оваа провинција има 553 потврдени случаи на Ковид-19, од кои 386 се Кинези, кои се вратиле дома од Русија.

По веста дека жариште станала една болница во Муданџианг на 18 април, властите ги заостриле контролите врз градските населби. И на 26 април, сите жители на Муданџианг се повикани да ги напуштат своите станови само доколку е апсолутно неопходно. Градската власт објавила на Интернет упатства дека секое домаќинство да избере едно лице со „силен имунолошки систем“, кое ќе излегува да врши набавка на намирници во продавниците.

Можна е блокада на Муданџианг

Во соопштението на градските власти понатаму се вели: „Од 27 април, градската власт ќе испрати патролни тимови за да го контролираат придржувањето кон мерките. Групите од повеќе од тројца ќе бидат уапсени. Електричните автомобили веќе не смеат да се користат во патниот сообраќај“. Приватните автомобили ќе можат да се користат само со посебна дозвола.

На жителите од другите делови на провинцијата Хеилонџианг во градот Муданџианг им е забрането да влегуваат. Повеќето продавници се затворени, со исклучок на само мали драгстори со прехранбени производи

Еден жител за „Дојче веле“ изјавил дека повеќето жители се сомневаат во официјалните бројки. „Тие безусловно не веруваат во овие бројки.“ И не е познато дали властите дури ќе воведат карантин и забрана за излез на целиот град. „Едноставно не знаеме дали ваквите одлуки се донесуваат од политички причини или врз основа на научни факти“.

Погоден е и главниот град на провинцијата, Харбин

Според пекингшките весници, повеќе од 10 милиони луѓе регистрирале нови жаришта на инфекција околу болниците во главниот град Харбин, која има население од околу десет милиони. Во еден случај, 87-годишен пациент заразил 78 лица за само неколку дена, така што втората по големина болница во Харбин морала да биде привремено затворена.

Толку строги мерки досега не се воведени во Харбин, како во Муданџианг. Еден жител, кој се претставил како Ли, изјавил за ДВ: „Месните одбори сега издаваат дозволи каде жителите треба да ја стават само својата фотографија. Тие треба да покажат лична карта кога сакаат да влезат во нивната област на живеење, но мојот впечаток е дека ова не е многу строго контролирано досега. Локалните пазари сè уште работат, а на улица скоро сите носат заштитни маски “.

За разлика од Хуанг од Муданџианг, Ли има доверба во властите. „Мислам дека властите во Харбин ја имаат ситуацијата под контрола. Зошто би ги фалсификувале податоците КОВИД-19? Тоа само дополнително ќе го оштети угледот на Владата “.

Поврзани вести

Пекинг тестира голем број луѓе по откривањето на новото жариште на КОВИД-19

Влатко Зорба

Повеќе од 15 милиони случаи на коронавирус пријавени во Европа

Stefanija Kuzmanovska

ФАТФ: Додадени се седум нови земји на „сивата листа“ на финансиери на тероризмот

Никола Поповски

Египетската полиција упадна во канцелариите на независен медиум

Влатко Зорба

За време на карантинот во Аргентина убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години

Суровост на полицијата во Ливерпул: Солзавец директно во очи (ВИДЕО)

Влатко Зорба