Регион СВЕТ

Даниел Сервер: Јули и август ќе бидат пресудни месеци за Косово

Американскиот стратег за Балканот, Даниел Сервер констатира дека Белград денес е омилен партнер на Вашингтон и дека се работи на промените кои значат голема пресвртница во американската политика.

-Очекувајте непредвидливи потези, не само на Балканот, изјави Сервер на панел дискусијата на универзитетот Колумбија на тема „Иднината на Косово“ и додаде дека наредните месеци се од витално значење за иднината на Косово.

Подршката на американската влада за Косово ослабе

Тој додава дека администрацијата на Доналд Трамп не успала во своите надворешнополитички иницијативи и дека сега Ричард Гренел ќе се обиде да му соопшти на претседателот добри вести пред 3. ноември затоа што како што вели нема подобри вести од оние која ги „убива“ двете достигнувања на администрацијата на Бил Клинтон – Босна и Косово.
– Како резултат на тоа, поддршката на американската влада за аспирациите на Косово е ослабена. Ова јасно се гледа во намалувањето на финансирањето и заканата од повлекување на американските трупи. Ова се точно неодговорните активности – изјави Сервер.
Сервер повтори дека поддржува реципроцитет меѓу Приштина и Белград, но се спротивставува на поделбата, дека е постигнат договор за даноци и нетарифни бариери и дека треба да се земат предвид уште три други опции, од кои првата е дека Приштина мора да обезбеди спротивставување на територијалната размена не во канцеларијата на германската канцеларка, туку и во Бундестагот.

„Ако нема поделба до тогаш …”

Според него, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно стави до знаење дека ќе чека на изборите во Србија и формирање на влада во врска со каков било договор, и дека администрацијата на Трамп тогаш би се залагала за размена на територии пред изборите.

– Затоа, јули и август, кога Европа спие, ќе бидат клучни месеци … Косово ќе биде безбедно од 1 октомври, ако до тогаш не се случи поделбата – рече Сервер.

Тој додава дека администрацијата на Трамп не покажала искрени напори за соработка со Европа и дека го ставила дијалогот меѓу Белград и Приштина во рацете на американскиот амбасадор во Берлин, кој ја навредувал германската влада и зборувал против ЕУ.

Сега Вашингтон се залага за промена на границите за надминување на етничките поделби, иако тие би укажале на неспособност за сите луѓе подеднакво да се однесуваат, што е идеално за либерална демократија. „За жал, високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, се согласи на тоа, како и неговиот претходник“, рече Сервер, јавува приштинскиот „Коха“.

Како што вели, ако Џо Бајден победи на изборите, тој како добар познавач на Балканот ќе ја затвори вратата за размена на територии.

„Ако Трамп победи во својот втор мандат, изборниот притисок за брз договор ќе престане, иако очекувам дека Гренел и другите ќе брзаат да разменуваат територии, ако за ништо друго, да направат простор за следните работни места“, рече Сервер.

Поврзани вести

Дутерте: Војската ќе им пресуди „по кратка постапка“ на оние кои не почитуваат карантин

Во САД 1.015 лица починаа од коронавирус за 24 часа, најмалку во последниов месец

Stefanija Kuzmanovska

„Та неа“: Грција со конкретни предлози до ЕУ за враќање на мигрантите

Maja_Serafimova

Масовно тестирање во Словенија за да се дознае вистинскиот број на заразени со коронавирусот

Путин кон Трамп и Џонсон: Порано заедно бевме во првите линии на одбраната

Stefanija Kuzmanovska

Црногорец ликвидиран во Шпанија: Тесно поврзан со криминалниот клан на Алан Кожар (видео)

Никола Поповски