СВЕТ

Данска: 1,1 процент од населението има антитела на КОВИД-19

После разочарувачките резултати од тестирањето на населението во Шведска за антитела против коронавирусот, кои покажуваат дека ваквите антитела се присутни во низок процент од населението во таа земја, тестовите спроведени во Данска покажуваат дека ситуацијата таму е уште по неповолна.

Според резултатите од една студија, само околу еден процент од популацијата на Данска е заразена со коронавирусот – главно поради строги рестриктивни мерки – и тоа сега предизвикува страв дека земјата би можела да биде погодена од втор бран на КОВИД-19.

Студијата ја објави една агенција за заразни болести под покровителство на Министерството за здравство. Според „Гардијан“, од 2.600 случајно избрани Данци, 1.071 од нив досега се согласиле да бидат тестирани за антитела, но само 12 од нив – или околу 1,1 процент – се тестирале позитивно на тие тестови.

Данска, која за разлика од Шведска, брзо воведе рестриктивни мерки и строги регулативи за спречување на ширење на коронавирус, досега потврди 11.118 случаи на КОВИД-19, а бројот на загинати е 561. Вчера парламентот на земјата донесе одлука за нова фаза на ублажување на рестриктивните мерки.

Поврзани вести

Д-р Грујичиќ: Убедена сум дека короната е лабораториски вирус

Александар Петровски

Корона во Франција стигнала многу порано: Француските лекари открија пациент кој бил заразен уште во декември

Американците со закана до Русија, Германија подготвена за одговор

Никола Поповски

Пожари беснеат во Калифорнија, загинаа најмалку десет лица

Stefanija Kuzmanovska

Д-р Кон: Белград е потенцијална епидемиолошка бомба!

Суспендиран увозот на лосос од Европа во Кина поради страв од ширење на коронавирусот