Вести СВЕТ

Демократите во Конгресот најавија импичмент на претседателот Доналд Трамп до Божиќ

Демократите во Конгресот најавија окончување на процедурата за импичмент на претседателот Доналд Трамп до Божиќ, односно 25 декември.

Како што дознава „Си-Ен-Ен“, се оди на убрзување на постапката со одбегнување на судски расправи кои би ја одложиле истрагата, и ограничување на бројот на сведоци на јавните сведочења, додека истрагата од следната недела оди со сведочења отворени за јавноста.

Се вели дека ова сигнализира дека ако се оди според планот, Трамп може да биде отповикан од Конгресот в декември.

Ваквата динамика станува очигледна откако Адам Шиф, претседавач на Одборот за разузнавање при Претставничкиот дом, демократ од Калифорнија, објави старт на јавните сведочења идната недела, и дека постои лимит на бројот на сведоци кои ќе се појават на тие сведичења.

Кон ова се надоврзува и повлекување на судските покани за поранешни високи функционери во Администрацијата, како поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, со што би можело да се одложи постапката бидејќи Болтон самиот изрази загриженост за скандалот со Украина и затоа летоска поднесе оставка.

Се укажува дека во текот на истрагата демократите во Конгресот собраа доволно докази додека во сесии затворени за јавноста испитаа десетици сведоци, за да можат да го отповикат Трамп, кој користејќи ја својата претседателска моќ, наводно извршил притисок врз Украина да отпочне истрага за свој политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Ако се запази рокот, ова ќе биде една од најбрзите импичмент процедури во историјата на САД. Поранешниот претседател на САД, Ричард Никсон, се соочи со јавни сведочања во 1974 година,  цели две години откако започна истрагата за негов импичмент.

Во сличен рок каков ште е предвиден и за Трамп, отповикан беше и поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, иако тоа се случи по неговиот пораз на изборите во ноември 1998 година, во период кога претседателот е „хрома утка“, а гласањето за импичмент беше одложене за 19 декември 1998 година поради ракетирањата во Ирак.

За разлика од Клинтон, Трамп е во последната, предизборна година од својот мандат. Доколку биде отповикан, после импичментот на Андрју Џонсон во 1868 година и на Клинтон во 1998 година, тој ќе биде третиот претседател во американската историја што ќе се најде во таква ситуација.

Поврзани вести

Техеран демантира дека САД извршиле кибер напад врз Иран

Maja_Serafimova

Србија годишно ја напуштаат повеќе од 51.000 млади луѓе

Њујорк: 420.000 луѓе го напуштија „Големото јаболко“

Влатко Зорба

Канадските здравствени власти го потврдија првиот случај на заразен со смртоносниот коронавирус

Како Путин победи во нафтената војна? (ВИДЕО)

Повеќе од 25 милиони луѓе ширум светот се излечиле од коронавирусот

Влатко Зорба