Регион СВЕТ

Денеска инаугурација на Милановиќ: Поранешната вила на Тито-ново седиште на хрватскиот претседател

Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ денеска свечено ќе биде инаугуриран на церемонијата во Загреб, која ќе биде различна од претходните кога претседателите Стипе Месиќ, Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ полагаа заклетва. Инаугурацијата ќе се одржи во церемонијалната сала во Пантовчак, поранешната вила на Тито, која е сега седиште на хрватскиот претседател.

Досега сите инаугурации беа на плоштадот Свети Марко, каде се наоѓаат Парламентот и Владата, а Милановиќ не се согласи на тоа, со цел да ги избегне да ги покани оние што не сака да ги види на церемонијата. Така, во инаугурацијата ќе има само четириесет лица, вклучително и судии на Уставниот суд, премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на парламентот, Гордан Јандроковиќ и поранешните претседатели Месиќ, Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Присутни ќе бидат и неговата сопруга, Сања Музик Милановиќ, двајца синови и мајката Џина.

Милановиќ не покани претставници на Католичката црква, но сепак ќе ја прочита заклетвата велејќи: „Бог ми помогна многу“. Ниту еден странски државник не беше поканет, а новиот хрватски претседател најави дека најпрво ќе патува во Словенија и Австрија. Тој верува дека овие три земји мора да соработуваат и да водат иницијативи во овој дел од Европа,а се спротивставува на американската иницијатива „Три мориња“ промовирана од Колинда Грабар Китаровиќ.

Поврзани вести

Тачи: Претставникот на ЕУ во дијалогот со Белград мора да го третира Косово како независна држава

Влатко Зорба

Парламентарни избори во Узбекистан

Никола Поповски

Коровирусот „стигна“ и во Австралија

Никола Поповски

Формиран одбор што ќе го разгледа барањето на Нетанјаху за имунитет од судско гонење

Додик: Ако не преживеа самата Југославија, зошто Босна би преживеала?

Влатко Зорба

Рама: Процесот на обнова од земјотресот се очекува да заврши до јуни 2021 година

Maja_Serafimova