Вести СВЕТ

Дерек Човин за првпат се појави пред судија: Утврден износот на кауција

Дерек Човин (44), првообвинетиот за убиството на Џорџ Флојд, денес се појави на суд за првпат во Хјустон.

Првото појавување во судот е типично од процедурален тип. Обвиненијата му се читаат на обвинетиот, иако повеќето адвокати се откажуваат од тоа, износот на кауција е утврден и се одредува датум за ново рочиште.

Условна и безусловна гаранција. Која е разликата?

На Човин му била изречена нова кауција. Имено, судијата Џенис Рединг ја зголеми безусловната кауција од претходните милиони долари на 1,25 милиони долари. Другата, условна кауција, била подигната од 700.000 долари на 1 милион долари.

Условите вклучуваат појавување на рочишта во иднина, да нема кршење на законот, да не се вработува во ниедна агенција за обезбедување или како полицаец, да го предаде оружјето и муницијата за кое било лиценцирано оружје, да не заминува од Минесота и да нема контакт со семејството на Џорџ Флојд. Исто така, условите вклучуваат откажување од екстрадиција доколку тој се случи да ја напушти сојузната држава Минесота и дека друга држава мора да го екстрадира поради кривична постапка.

На суд преку видео-врска, Човин и адвокатот без искази

Човин не бил таму физички заради мерките за заштита од коронавирус, но тоа е направено преку видео-врска. Со лисици на рацете и во портокалова затворска облека, Човин се појавил пред судијката Џенис Рединг, пренесува „Трибјун стар“.

Обвинителот Метју Френк истакнал дека сериозноста на обвинението на Човин, како и јачината на јавното мислење против него, го прави поризично, во случај да избега.

Човин и неговиот адвокат Ерик Нелсон не дале исказ во ова кратко сослушување од 15 минути. Да потсетиме, тој бил обвинет минатиот месец за убиство со предумисла.

Во американскиот правен систем, некое лице може да се гони по неколку точки, од најтешката опција,  убиство со предумисла во овој случај, до убиство од небрежност, што е најлесно за овој случај. Ако судот и поротата не го осудат лицето по првото обвинение, сепак може да го обвинат за второ.

Останатите тројца офицери вклучени во смртта на Флојд – Томас Лејн, Џеј Александар Кенг и Ту Тао – се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор и трет степен.

Поврзани вести

СЗО започнува глобално мегатестирање на четирите најветувачки третмани за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Кои се мистериозните деца на Ким Џонг ун и зошто не можат сега да го наследат на чело на земјата?

Демократите и официјално го номинираа Џо Бајден за претседателски кандидат

Stefanija Kuzmanovska

Турскиот парламент најостро ги осудува антиисламските изјави на Макрон

Stefanija Kuzmanovska

Британците ќе треба да научат да живеат со коронавирусот сè додека не се најде вакцина

Гутереш: Пандемијата е можност за трансформација на градовите

Влатко Зорба