Регион СВЕТ

Деца се заразиле преку домино во Нови Пазар откако играле со лице кое дошло од странство

Во Нови Пазар се пријавени три случаи на инфекција со коронавирус кај деца, изјави денес Мехо Махмутовиќ, директор на болница во градот. Некои деца, како што рече претседателот на Србија Александар Вучиќ при денешната посета на Нови Пазар, се заразиле преку домино, игра што ја играле со личност која дошла од странство.

Како што рече, во еден случај, мајката на двегодишно дете кое било заразено е негативна на корона.

– Во моментов имаме 22 пациенти, позитивни, според она што го добивме од колегите, имаме голем број на други контакти, до крајот на неделава се очекуваат голем број позитивни и сите кои ќе бидат позитивни ќе мора да бидат хоспитализирани – рече Махмутовиќ, кој му се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ за помошта што ја донесе во овој град.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети Нови Пазар, каде му беа предадени 10 клинички и 3 транспортни респиратори за болницата во тој град.

Тој посочи дека зад нас е уште една тешка ноќ и тежок ден, додавајќи дека следните две недели биле исклучително тешки, поради што бара од луѓето да бидат дисциплинирани.

Поврзани вести

Вучиќ: Изборите ќе ги распишам на 4 март

Чесите бесни поради календар со нацистички воени злосторници (фото)

Новиот коронавирус однесе уште 85 животи во Иран, најмногу во еден ден

Гутереш: Државите треба да ја поддржат политиката на борба против климатските промени

Ашраф Гани положи заклетва за нов претседател на Авганистан, и неговиот ривал Абдула истото го направи

Њујорк Тајмс: Преку Мировниот план, Израел ќе има суверенитет на поголем дел од долината Јордан

Никола Поповски