Регион СВЕТ

Девојка од Србија починала од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин.

Амбасадата на Србија во Кувајт, која на нерезиденцијална основа го покрива Бахреин, била во постојан контакт со семејството на починатата за време на лекувањето во болницата во Бахреин и известувала за здравствената состојба, секојдневно комуницирала и со персоналот на болницата, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

„Иако сè уште не сме официјално известени од властите на Бахреин за смртта на нашата државјанка, туку само од болницата во која таа се лекуваше, ги презедовме сите подготовки за доаѓање и престој на нејзиното семејство во Бахреин, обезбедени се визи за членовите на семејството за Бахреин, како и околу организација на транспортот на посмртните останки во Србија“, се наведува во соопштението, пренесе РТС.

Поврзани вести

Епидемиолог предвидува: Коронавирусот ќе убие 42 милиони луѓе

Никола Поповски

Грабар-Китаровиќ потрошила 370.000 евра во кампањата за претседателските избори

Партијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел

Александар Петровски

Иран: Ние не ја водиме земјата во војна, но не се плашиме од ниедна војна

Maja_Serafimova

Гутереш ја пофали улогата на УНЕСКО во одбраната на мултилатерализмот

Бесплатно се делат заштитни маски за лице во Турција